Кога ќе речам дека нешто не ми се прави, некаде не ми се оди, не мора да објаснувам зошто. Ете така. Не ми се прави, не ми се оди и тоа е тоа. Поштедете ме од "Што ти е", "Што е работата". Имам слободен ден и сакам дома да си седам и да си одмарам. Со куп луѓе имам работа 5 дена во неделата, еден ден барем во мир сакам да ми е. Аман.
Моментот кога знаеш за сите ситуации околу тебе и не ти признаваат дека е тоа така како што ти го гледаш тогаш почнуваш да си играш мајтап. Згора на се те прават дека си параноичен, а нема никаква врска. Како и да е и они се свесни дека и јас сум во право. Не негирам дека сум во некоја чудна состојба. Ама сепак не сум слепа да не гледам што се случува. Зашто упорно негираат е тоа не можам да сфатам. Еднаш слушав ко божем не сум била спремна за вистината. Која вистина жити се? Зарем уште од почетокот на сите дешавки Бајден не се посомнева дека нешто не е во ред? Не ве држи изгледа меморијата. Каква интуиција имам тоа е страшно нешто. На почетокот бев дух кога ги провалив. Сега сум чудна дека имам јака меморија. А за мојата интуиција имам шизофренија. Се прашувам што е следно
У животов целам кон постигнување комплетен куробол за сите работи на кои едноставно, немам влијание. И, ако некогаш го достигнам левелот шо ја го сакам, ќе бидам најсреќната баба на светот. Зашо ќе си требаат години
Јас: Не кревај паника, сигурно се зафатени, не те игнорираат намерно. Да беше така немаше да зборуваат со тебе и да ти посветуваат толку време кога можат. Секој си има свои потреби и проблеми. Мојот мозок: Но што ако сега е *навистина* готово и едноставно се премислиле за тебе од нигде никаде? Мојот конфликт кога некоја личност ја нема некое време. #itrynottobetoxiciswear
Кога некој ствари еднаш ќе ти ги подметнат, сите останати ,,грешки’’ стануваат сомнителни. После се прашуваш: Која сум јас навистина? *** Баш ме занимало. Каква е таа случајност некој пред мене да ми ги кажува информациите што јас ги знам? А особено беше забавно кога едно девојче рече дека ја читала книгата што и јас ја читав. Онака бев зачудена. После по некоја случајност кога помислив на нешто одма другарката го кажува тоа во истиот момент. Како е тоа можно? Колку сме исти дури и јас се чудам. Како се разбиравме
Случајов со Џони Деп и сите филозофии и јавни булшитс со men can be victims too, само ги отежнува работите за тие жени што се стварно жртви на насилство. Мислам јес да може да бидат и мажи, ама треба да пазат кому и каде кажуваат оти не се свесни дека нивните исповеди се ветер во грб за насилници Само прави се помалку да им се верува на жени зашто сигурно лажат чим Амбер лажела и сигурно они се криви чим Амбер била крива. (Ако воопшто била) Мислам, и стварно да бил жртва чоекот, вакво занимавање на цел свет и споделување насекаде и изигрување equallity само ги става во потешка ситуација тие што стварно им треба помош.
Бидејќи вчера го „славевме“ трудот, а денес е „неработен“ ден, да си кажам што сметам јас за идеално работно опкружување. Само, на фотографијава, за да биде совршено, десно, недостасува поглед кон огромен тревник и стаклена лизгачка врата која излегува кон него, каде со господинчево (или госпоѓицата, сеедно), приложено на фотографијата, за време на паузите, би скокале и шлапкале боси по тревата која ќе е свежо искосена...
Интересно е некој кога ќе рече еј божем не ме интересира што пишува оваа/овој, а се знаат. И најлошото е што даваат до знаење дека се знаат. Па се прават ко да не ги интересира. Брате за да не те занима треба стварно да кулираш. Така му ги креваш само акциите на тој што пишува. Пошо си глуп и да испаднеш паметен уште толку тонеш. Чим даваш до знаење дека се интересираш. А божем те не занима... Или читај и ќути за да не испаднеш будала на крај. Или не ни читај па нема да се брукаш со тоа што му даваш до знаење.
После ваков споменик, се срамам кај живеам. Се срамам од сите кои не "водат" сите години, а уште повеќе од сите шо ги избираат цело време и едните и другите. Одамна е продадена, ама сега нема назад, готово. Жално, тешко, срамно.
Посакувам бришење на меморија да беше реална опција. Да ми се тргне од паметот секој и сè што не вреди.
Јас: Пола шкаф ми е со облека во црвена боја, веќе не купувам ништо во таа боја, само други бои ќе купувам, малку да сменам. Исто така јас: Одам на шопинг и пак купувам облека во црвена боја.