Не знам дали одите во црква зашто осеќате дека треба да одите или за да ставите на стори и да сте као побожни ама едно знам: ако постои Господ кому му наведнувате глава и му се молите, тој гледа. И ги гледа сите глупости и нечеснотии кои ги правите преку цела година. Тој знае дали едно одење во Бигорски е доволно да ви прости и да се смилува над вас, но и да е така, треба малку да намалите со тоа што го правите секој следен ден после голем празник. За многу години
СДК... Не барам големи и џиновски нешта. Грандиозноста сама по себе не ми значи ништо. Тоа што е убаво сакам да го направам посебно на мој начин. Содржината на моментите е единствен печат на времепловот.
Такви сме ти ние Македонците, не сфаќаме сериозно морбили, анксиозност, депресија. Ма ништо бре. А дипломирани луѓе по некоја струка, доктори, специјалисти, па ич. Да треба да го носиш детето на дефектолог, на педагог, на психолог, пф, глупости, што знае бре тој појше од тебе, што ќе каже ништо не знае тој. Доктор ти кажал совет, пф тој со врски сигурно завршил, ќе одам кај бајачката во Прибилци и кај гатачката од Свирипичино, тие ќе му забаат, ќе гледаат на вода, ќе решат проблемот и црната магија. Мислам дека ако не беше форумот, немаше да сум свесна колку сме заостанати во 18 век со ваквиве работи.
Од константен стрес и живеење под притисок човек заборава дека заслужува среќа. Полошо е кога немаш место каде да ја бараш.
Покрај гордоста и егото тука е вербата во себе до тој степен што мисли дека личноста све знае,преголемата самодоверба е еднаква на глупава личност. Паметните секогаш имаат сомнеж кон нештата,колку и да ви звучи чудно но така е.
Кој е еквивалентот на заљубеноста? Она кога со личноста која ти е во фокус посакуваш пријателство наместо љубов. А не си сигурна дали таа личност исто се чувствува или воопшто не и е грижа. (поточно, личности, 2 се) Постои таков термин? Бидејќи мислам дека тоа го чувствувам. И не знам како да се справам со истото, никогаш не ме бидувало.. Изгледа како досега само тивко ќе стојам на страна и ќе посакам се' најубаво..
И повторно си ја потврдив сигурноста во одговорот на прашањето, Дали сакате да изненадите или да Ве изненадат, со тоа што успеав да направам од идеја до реализација и да изненадам две личности, возрасен и дете... Изразот на нивните лица е ист, развлечена насмевка и разигран поглед... Гестот не познава граница и години. Тие се смеат, а јас силно треперам. Тие ми подаваат зборови, а јас се растопувам. Среќна сум затоа што тие се среќни. Колку прекрасен ден! Ниту сонував, ниту очекував толку наплив од топлина и срдечност разлеани во денот. Само посакувам да трае ова драгоцено чувство. Немам друго... П.С. Разубавете им го денот на оние што знаат да го движат адреналинот во вас. Направете нешто за нив и понесете си сончево расположение во себе.
Не знам зошто народов си дозволува за празници да претера со храна и пиење до степен да мора да оди на болница. Дотолку бре да не можеш да дочекаш празник да дојде да се изнајадеш како да не си видел. ,,Лошо ми е, триглицериди/холестерол в таван, проблеми со срцето, притисокот ми е катастрофа, ама ќе да е од времево." Оти времево ве тера да се прејадувате како прв пат да гледате храна. Сосема разбирливо е кога одредени луѓе штедат за да имаат побогата трпеза барем за празник, ете да не е празна масата и тогаш да каснат од поскапото месо оти луксуз е секој ден тоа да се јаде. И таква е ситуацијата кај многу луѓе, за жал. А па најгласни се кога треба да се зборува за туѓиот начин на исхрана. Но, не разбирам како може толку да се нема самоконтрола? Мора ли во тој еден ден ненаситно сосила да се турка храна, а едноставно не собира? Сѐ што е мрсно мора да се изеде, мора. Движење скраја да е. И летва ако не се направиш не е тоа тоа. Сведок сум била на нешто вакво. Сосила да јадеш леб за случајно да не остане неизедена кришка. А пред тоа човечки се јадело и пиело. Сосила сите пијалоци наменети за цело друштво да ги измешаш и сѐ сам да испиеш, за потоа да направиш скандал, па да имаш оправдание за сите глупости. Кога се нема самоконтрола и свест, што чини, а што не чини, нема да ви биде подобро. А за тоа времето не ви е виновно.
Актуелни разговори за време на празници кога е собран поширок круг на фамилија: - Со факултетот до кај си? - Фати дечко/девојка? Ајде време ти е. - Најде работа? - Свадба кога? Што чекате? - Дете кога? Не чекајте, време си минува. - Братче/сестриче на малото кога ќе му купите хаха? - Сигурно на избори ќе тепа Пендаровски/Сиљановска, слушај ме мене. - Слушна дека и на Петко син му заминал во Германија? Сите се отселија од Македонија. - Те слуша татко ти? Речи мора да слуша, има уши хаха ајде тури пиво да се чукнеме...Живели, чичо.
Пред да кукате дека денес веќе немало луѓе и добрина, нека ви текне кога сѐ сте аплаудирале на невоспитана багра дека се искрени и реални, а љубезност сте преиспитувале и омаловажувале, и пристојно човечко понашање со осет кон другите сте го класифицирале ко политичка коректност и нешто патетично за потсмев. Во поимите денешно време, општество, (добри) луѓе - првенствено самите ние имаме влијание што можеме да го контролираме...
Сите носиме болка, тага, радост, среќа, лојалност, добрина, лошотија, индиферентност... Само сите ги носиме на различен начин.