Многу луѓе мислат дека да сакаш значи да бидеш сакан, земање, без давање. Но, колку долго тоа може да трае? Уште повеќе луѓе мислат дека сакањето значи да сакаш како што сакаш да бидеш сакан. И ова го нарекуваат „држење до себеси и своите принципи“. Но, така се сакаат само себеси. А, сакањето е станување љубов, со саканиот, Но, не е ни претопување, туку бидување свој и правење и другиот да биде уште посвој. Многумина мислат дека ако се со едната нога на вратата, ќе се на сигурно, и тоа го нарекуваат „прагматичност“. Но, така се уште подалеку од тоа да сакаш и да бидеш сакан. Љубовта е како да шлапкаш во кал без гумени чизми, инаку, е само backup опција, и е недостижна.
СДК Се наоѓаме на позитивна раскрсница онаа на Y форма....Се молам секој момент, да ја одбереш правата насока...тешко ми е кога те гледам да се измачуваш, а си сакал да донесеш првилна одлука. Како и сите предходни пати, и сега стојам зад тебе Good luck my dearest hubby
Жал ми е за мојата интелегенција Морам да продолжам да се правам дека сум глупава иначе вака нисам нормална
Денешна состојба моја Имам работа,многу работа,а што може да се заврши и утре и задутре ако така решам,а денес,еве,само решавам кога тоа што треба да се сработи да почне да се работиитака!
Ама е тешко да се договорите друштво да излезете кога си adult. Еден е на работа, друг на факултет тоа време, трет со дечко/девојка си договорил нешто, четврт полагал за ден-два и ќе учел... И така договарањето на сите да им одговара денот за искачање трае повеќе од самото искачање...
Некогаш мразам што сум overthinking што не можам да најдам нови пријатели со тоа што ме мава во мозок нивното зјапање, оговарање , криење на банални работи и лажење. Почнува да ме изморува веќе ... бегам од луѓе кои оговараат тоа многу ме изморува психички. И многу на момент ми е оптоварувачки што другаркиве со кои излегувам се премногу доминантни , гласни и запазени. Јас незнам каква ќе бидам потака ако на 27 години сум ваква
Жал ми е што некои мојата интелегенција ја сметаат за некаков комплекс. А имаше некои луѓе што точно ме сконтаа дека сум паметна и рекоа како у фазон дека ако ми се смалела интелегенцијата ние помалце ќе се чудиме. Како човек да биде глупав кога не е таков? Не дека се величам нешто сега премногу себе си ама така е според примерите што ми се случија. Бајден одма провали кога нешто не му штимаше само што бев искрена и бев сметана за дух. Никакво фајде од тоа што сум искрена и кога лажат другите сосема е во ред. Јас сум ненормална што не паѓам на финти. Јбг то е, се навикнав веќе. А јас исто така ми фали нешто ако не зборам аргументирано. А другите се нормални после се? Нисам ја од овај свет
Прво научете дека се пишува и изговара „интелИгенција“, па потоа фалете се како ја поседувате во поголема количина.
Од деценискиот престој на планетата Земја, од која С. Бекет вели дека „ ни нема спас“ (штом сме родени на неа) меѓу другото, заклучив: 1. Има луѓе со кои се разбираш речиси инстантно, нема потреба никаков напор да вложиш, небаре се познавате со години, а дури и кога не ги разбираш сосема лесно можеш да претпоставиш што мислат. 2. Има луѓе со кои и цели романи да напишеш, или со месеци да разговараш никогаш нема да се разбереш, поради тоа што немате ресурси тоа да го изведете, имате сосема различни убедувања, позадина, гледни точки. 3. И има трет тип луѓе, кои не сакаат да се разберат со вас. Ја користат, поточно, ја злоупотребуваат комуникацијата како feel-good стратегија. Комуникацијата за нив не е доаѓање до некоја точка на заедништво од кое понатаму може да се гради некаков однос, туку чекање другиот да каже „whatever (што било)“ за нив да им дојде редот и да направат веќе подготвена поента. Во старт веќе ги имаат одговорите на сите прашања и одговори, а комуникацијата е заобиколна линија за да „водат љубов со своето его“ , како што вели Bowie (само што во овој случај е вид на дискурзивна онанија и не е самоиронија). Тие луѓе, уште на самиот почеток веќе знаат што си ти, односно, знаат сѐ за тебе, и што имаш да кажеш за која било тема, и пред да почнеш да пишуваш и пред да почнеш да отвориш уста.
Не роденден, не празник, што сака нека е мене ќе ми се најде нешто ќе ме изнервира, ќе ми покаже дека не требам на никој.
Ние шо живееме со родители заедно на купче, посебно во стан, а сме 20+ години треба да добиеме медал за издржливост дефинитивно.
Кога прв пат ќе направи човек твитер и ќе се потпише анонимно тогаш му е забавно да се зеза и на своја сметка и на туѓа. Далеку од тоа дека не можам во фаца да кажам ама вака ми е ептен поинтересно. Малце им делувам мрднато зашто бато се чудеше и не ми ја сфатил поентата. Ама ќе ја најдам фрекфенцијата на која што ќе се разберам со тие што сакам. Засега добра инспирација имам. Се на се од секојдневните случувања до некои откачени идеи во мојата глава
Од што сте толку патриоти, вадите бугарски пасоши и се декларирате како бугари. Од што сте толку патриоти, работите во амерички фирми и мафтате амерички знамиња, пошто доларот е повреден од денарот. Од што сте толку патриоти, во прва прилика би се иселиле од земјава и нема да се вратите да живеете тука. Од што сте толку патриоти, барате прва прилика да линчувате други македонци. Мизерија од држава и народ, не ни заслужувате подобро.
Жал ми е што конечно кога сфатија некои дека без многу труд може да се остварат соништа и им е криво сега. Ви ја разбирам вашата тага. Дека вие не сте успеале на истиот начин да ги остварите вашите желби. Кога некој ќе успее во нешто тогаш крив е по нова некоја логика. Да живеевме во некое дамнешно време ќе бевте среќни и ќе прашувате како. Ама од завист не знаете што лошо да направите. Сепак некој што го научил принципот на успехот никој не може да му го одземе колку и да се труди еден ден ќе се исплати се што е замислено. Тоа не е ни потценето ни преценето. По ваша реакција се гледа се. Кога не сме директ очи у очи се гледа кој е во предност. Иначе по некоја случајност некој ќе ме претркне да го каже тоа што јас го мислам. Се гледа дека не е свој и пати од комплекс. Вистинска штета.
Некој си го ризикувал животот за да постојат државата и нејзините симболи, а друг поддржува нивно ругање. Многу лошо.