Јас кога гледам соопштенија за испитна сесија и ми текнува дека треба да контактирам професори: А, од сабајле ме мачи главата ради преголем стрес и:
Јас: Ќе штедам, доста трошев пари периодов, претерав. Исто така јас: Ау, онлајн попуст најдов, дај да го искористам, па вака ќе заштедам, види колку евтини се работиве. И така ми отиде цел оброк што го пуштија за само 2 дена.
Старите порано велеа, се' доаѓа на главата, сега по ново е кармата е кучка, ама како и да е, сите ќе си платиме за секој кажан збор, за секое дело, дали во овој, дали во другиот живот
Малечка кукала. Малечка била насилник. Кај Малечка насилството раѓа насилник. Малечка претерувала. Малечка била за срамота бидејќи само така рекла. Океј. Океј.
Барам кандидатка, да ме замени барем еден ден на работа. Значи, не можам повеќе да трпам муабети од колешката, за брак, деца и како ко ќе се омажиш повеќе нема време за себе. Толку е. Иде бебе, се запоставуваш. " Ќе те видам, ко ќе се омажиш" " Тоа е, шетај си, дур си слободна" " Ајде, мажи се, толку е, тие се годините, 30" " Не можам кафе раат да испијам од детето" Јас не знам зошто да мажите или жените кога знаете што обврски ве чекаат. Ниту сум виновна што некој е женет, мажен. Ниту некој ми е крив со не ми се мажи. Ниту па сакам некој да ми соли памет нит да му солам.
Едино што би сменила у животов моментално е да живеам негде покрај море. Блазе си ви на сите што живеете покрај море, кога сакаш да си пиеш кафе со преубав поглед, да прошеташ покрај убава глетка, да дишеш морски воздух...
60% членовите на фемина имаат анскиозност или нешто друго. За нив е сосем нормално и се океј личности. Другите се циркузанти.
Sometimes the brightest light comes from the darkest places. Ова го чув на филм, ама и во животов ми се покажало. Ми дава надеж дека светов нема да пропадне.
Овие од ЕВН не се нормални! Од памет не извадија, во 5.30 сабајле ни проверуваат саатот а сите врати на двор заклучени, нашле финта како се отвара, срце да го трефни човек Со маж се гледаме кога слушнавме тупкање, ама па и во 5.30 ли се оди аман, барем 7 да почекале Многу мразам кога вака се разбудам, сега ќе си чмаам цел ден, а нема ни 6
Им пишувам мејлови на професори и мислам срцево ќе ми искочи. Сто години го правам ова, ама уште се тресам. Анкс+ПМС=Оф, леле...
Не си ги лечете комплексите и фрустрациите врз другите. Никој не ви е должен да го огорчувате ако вие сте такви.
Она кога има мали шанси да се случи нешто но не можеш а да не се надеваш оти тоа ќе значи остварен сон. Сакам да поверувам во чуда for once.
Лајковите на фемина се рачунаат до 2019/2020. Останатото е последица на Миа легендата. Тоа што е заслужено си било во тоа време. Сега е се на сила.