Знаеш дека ти дошло време да спиеш кога тема на фемина ќе ја прочиташ како cuddling therapy наместо cupping therapy.
Божем ми бараат совет, а се трудат да ме испровоцираат. Иди бре бежи.. Уште те жалам што си интроверт. Ех бе мојата глупава наивност.
13годишно девојче најмладо за абортус.... Дали е ова "ин" на ова "модерно" време шо толку го потенцирате? Ова е жално, тажно и не знам со кој друг збор да го кажам! Недоволно едукација пред се домашна, грижа или? Абе јас на 13год играв ластик на улица, се бркавме и слично по улици, на училиште. Бевме деца и дете си на 13 на 15, 16год. Без коментар, без збор. После ќе се чудиме на прашањата на форум, не знаат г'зот да си го избришат, ама ќе прашуваат во тема за секс. Браво
Она чувство кога ќе ги испратиш родителите и се чувствуваш празно и осамено,како да ти се одлепил дел од душата.
Секој ќе те заебава кога не го цениш своето и пренаивно веруваш во приказни што друг ти продава.И не си свесен какви и колку средства употребил за да те изманипулира.
Прв пат искористив збор шо ме опишва ама никогаш не ми беше комотен и прв пат го осетив ко комотен ко го кажав гласно. И си поплакав. Да мозок, за тебе зборам. Ти ќе ми си крајот. Ама морам да го кажам гласно за ко ќе го прифатам кај мене да можам да напрам и друг да го прифати за себе. Јеп брат ми. За тебе зборам. И мило ми е дека ти се бендиса поклонот. Долго време омилен фиџет тој, баш коцкава, ми беше.
Едвај чекам да завршат и колоквиуми и испити и семинарски и сѐ па на рат да си уживам по сонцево, да шетам, плажи, забави..
Чудно е како луѓето се навредуваат кога ќе почнеш да се однесуваш со нив исто како што тие се однесуваат со тебе.
Отсекогаш чувствував и замислував дека во центарот на нашата галаксија има црна дупка што „голта“ сѐ пред себе, затоа што гравитацијата е толку голема што ни светлината не може да побегне. Потоа, дознав дека има и теоретска рамка за постоењето на таква дупка, за сега, од вчера, и физички да ја „видиме“. Баш се се прашувам колку време треба да нѐ „голтне“. Секако се милиони години во прашање. Но, сепак, ова ми дава некаква утеха! По, хоризонтот на настаните (event horizon) има некаква надеж дека може да е поинаку, од она што е од оваа страна. Баш е убава! Сега веќе има повеќе смисла. (Користам иронија, се разбира.)
Фала ми шо не се предавам на мали секојдневни грижи. Живеам многу убави денови, задоволна сум, среќна и исполнета. Во пролет е се’ поубаво! Многу и тоа! И за крај, нешо шо прочитав и ми остана у глава, ‘Можеме да имаме се’ шо ќе посакаме, само не у исто време.’ Нека биде само вистината пуштена на најјако!
Господе ти благодарам што моите родители и останатото семејство си ми го дал психички нормално Што се има по Светот не е нормално
Јас дури им велам на луѓе како ќе биде нешто, а тие не веруваат: Јас, откако се покажува дека сум била во право, им велам „ви реков“ и играм:
Смешки живи се некои луѓе... Едната ќе ја снема, па ќе се појави со друг ник.. па ќе се врати со стариот Со едниот со бебе..со другиот млада, згодна, неопходна, успешна на сите полиња .. Калакурница
Уште не дојдено лето, почнаа проблемите со притисокот Ме интересира ајде до колку ниско можи да оди Сите се радуваат топло, лето иди, мене ми е смрт
Не можам повеќе. Смачено ми е од работа, од недостаток на кадар, од невоспитани и прости луѓе, од неписмени луѓе на високи позиции, од секојдневни семејни проблеми, од секојдневни главоболки и замор. Не знам што е решението, ова ли е животот? Како да имам мир?