Во мај месец има 2 типа на луѓе сабајле: - Облечени со кратки ракави или плус и шорц, пократок фустан. - Облечени со долги ракави, со јакна, дуксери.
Да му се плукнам цел телефон парче ми се стори, во него полно спомени и слики, сѐ имав внатре... Треба да си ги префрлате сликите секогаш во лаптоп , не бидете ко мене тиквари, сите спомени и од матура ми заминаа
Во слободно време пцујам бетер од маж Имам омилени нова пцовки, стопанкина му и анасана Кој разбра, разбра
Кога ќе те подгазат - крени се пак. Кога ќе те навредат - биди им учтив. Кога ќе те повредат - помогни им. Кога ќе те клеветат - пофали ги. Кога ќе те мразат - сакај ги. Кога ќе ти се намуртат - насмевни им се. Кога ќе те удрат - сврти им го другиот образ. Тешко е да се биде човек. Ама мирот ти ќе го имаш, тие вака н икогаш. ❤
https://republika.mk/vesti/crna-hro...YqMM0xPAr48fbujURyCON_GxluX_CakCD4KQ5vavyw3NI Така треба. Кога му стоел како закован, не се бранел, малку му е. Среќа во несреќа било што хеленскиот камионџија не му пишал казна на македонскиот царинарник и не го натерал да ја изеде. Ах бееее Абе мани му таму два бокса и во несвест ќе падни. Ах да бев јас на местото на царинарникот... Ќе јадеше ќотек додека не ја види мајка му кога била млада невеста.
Бременоста ми е одличен изговор за да го терам маж ми да ми купи секакви глупости за јадење во касни саати.
Купуваш куќа? Држи ја устата затворена! Дали купуваш нов автомобил? Држи ја устата затворена! Дали сакаш и дали си сакан? Држи ја устата затворена! Дали ќе се ожениш/омажиш? Држи ја устата затворена! Дали се разведувате? Држи ја устата затворена! Одите на одмор? Држи ја устата затворена! Повеќето од причините поради кои нашите соништа не се остваруваат е затоа што правиме грешки споделувајќи ги своите желби со луѓе кои тврдат дека се „пријатели“. Зависта и љубомората се доволни за луѓето да го уништат она што си го посакувате. Држете ја устата затворена❗ Повеќето од вашите „пријатели“ сакаат да ве видат добро, но никогаш подобро од нив.
Значи стварно не сум за бели или светли крем/розе патики. Ја стварно не знам како може за 5-6 носења да ги правам лом како со години да сум ги носела.
Во последно време се чувствувам успешно. Некои работи сама ги правам. Заработувам, планирам , сама сѐ финансирам. Преубаво чувство. Се редат коцките.