Една напорна недела ќе помине и после ќе си речеш "ајде оваа помина, сега уште следната да ја истуркам" и се така во круг, недела за недела поминала годината.
Никогаш не ги заборавајте луѓете кои веруваат во вас, кога вие сте престанале да верувате во самите себе.
Понекогаш си помислуваш дека се е бесполезно , дека повеќето се себични и ладни , дека добрината е непостоечка скоро... И токму тогаш, туѓа подадена рака , туѓа ненадејна милост, туѓа душевна убавина ти блеснува пред очите. Па од една страна,се засрамуваш од сопствената невера, а од друга страна, срцето ти се исполнува со радост....
Утре имаш убава должност и причина за славење, а денес дознаваш за прерано згаснат живот на близок...
Сезоната за јадење лубеници ја прогласувам за отворена. Какво убаво парче ми се падна, благо, сочно за мерак
Толку се фрлив на трошење, за последниве две години шо не купував алишта баш Колку поклони, дупло за мене
Пуштена летна плејлиста во позадина додека си правам планови за летен одмор и гледам понуди на booking и по агенции. Priceless.
Зошто најдобрите луѓе се секогаш оние кои живеат подалеку од нас? It's both a blessing and a course to have such people.
Најубава сум си откако ќе се видам со него. Откако ќе поминеме време заедно и ќе се изгушкаме. Застанувам потоа пред огледало и нешто е поинакво. Нешто. Одвнатре што доаѓа. Се сеќавам, една вечер бевме заедно до кај 3 саат, а јас во 5 требаше да станам за на работа. Не ни заспав како што треба, отидов. Истиот ден од колега добив коментар: Морам да ти признаам, денес изгледаше посебно. Иако ненаспана, тоа нешто одвнатре се покажало. Среќа, љубов, што и да е. Има нешто. Најубав човек е човек што сака и е сакан.
Сите излегоа со статуси "Не врне ли...". Па добро, поарно ништо не ставај отколку копи пејст. Една излезе со "вистина воскресе". Потрагично, здравје. Туѓ срам ме јаде. Црква појдени, 500 слики. Мене ми е неубаво да се спружам со мобилниов во црква. Истиве тие ако те видат во обичен ден да одиш, сто муабети ќе ти извадат. Сакам да кажам, многу сме прости и мизерни.
Врв на 35 години на некои луѓе им е ПИЈАНЧЕЊЕ. И како да реагирам на тој муабет? "Леле чоече, како сме се опијаниле, вчера." What? "Као, бравооооо. Уааауу. Какво постигнување"
Го чув во серија она „застани пред огледалото и кажи си сама на себе многу се сакам себеси“. Убава реченица, ама мојата ниска самодоверба не ми дава да ја кажам.
Порано бар преку стихови ќе се исплачев, искажев, сега ништо не излегува од мене. Блокада на умот или срцето? И двете можеби, срцето ми ги врти во круг емоциите како крвта низ вениве, и не дава ни капка да се излее. Мозокот ролекостер. Како и мојов пост.