Офкаш и лелекаш како страв ти е што се поскапело, што ќе се правело, бла бла блаа, додека во раката држиш ќесенце со кошулче од 3000, а пред две недели искешира 25.000 еу за нова кола од салон. Море мрш таму од такви преправотини ко тебе.
Секогаш се водам од тоа макар и последно да е нешто останато гледам на гостин да понудам, а за мене што има (и никако обратно!) Како лабаво жената ми рече ова какао за мене е дека е поубаво, а за тебе ова. Погадно кафе немам пиено, изматено куп кафе со шеќер лошо да ти падне, вода испозалиено до горе. Срамота, посебно кога зависиш од некого за нешто (па дури и да НЕ зависиш, кафе ако правиш вака намерно без да прашаш какво се пие и дали количински толку се става, значи си нечовек!). После сакате некој да ве тинтра, да ве почитува, а си играте курташак.
Интересно е како некој кој те гледал со потсмев кога си почнувал прв пат да работиш, сега стои заглавен на истата почетна работна позиција, а ти си заминал далеку пред него и пак истиот потсмев. Од злоба ќе си тапкате в место.
Се чудат оти не ми се остава тоа. Ма, колку сака нека се занесува тој.Ќе му покажам дека греши. Постојам, дишам и делувам. Одамна решив дека повеќе нема да дозволувам некој да ме гази. Сакам да станам посилна, похрабра и успешна.Да бидам личност каква што баба ми и вујко ми ми велеа да бидам. Не се откажувам.
Онаа тага во срцето кога некој порано ти бил близок пријател, а сега ќе се разминете на улица и веќе немате ни здраво.
Закажување термин за фризер ми е терапија после напоред период. Ништо не ме опушта толку колку одењето на фризер.
Треба во 6 сабајле да станам и наместо да се потрудам да заспијам, јас си читам смешни мислења и безгрижно си се ролам од смеење.
Мене сон не ми доаѓа на жештините. Уште потешко е што сум пред пораѓање што се вика, маки мачам толкава да заспијам.
Колку сум само уморна и капната, колку само тежина ми се собра во градите синоќа. Колку сакам да сум дома,да испијам кафе,да си легачам…
Почнав да имам чувство дека сум многу сиромашна. Порано со 1000 денари полнев цела кошница и пак остануваа пари за нешто плус. Сега пред влегување во маркет пресметувам за 5 работи дали можам да ги купам. Купувам работи само на попуст, на акции и тоа само што е навистина неопходно, за мене и нешто плус на страна не останува ни денар.
Она кога после напорен ден вечерта ќе си ја поминеш релаксирајќи се со ладен коктел и со омилените луѓе.
СДК, на листата за избегнување луѓе треба да ги додадам и оние кои поддржуваат акт на дивјаштво наместо правилни и легални акти на патриотизам.
Кога ќе слушнам употребување на англиски зборови во наш јазик коса ми се крева. Сега па по ново, гејмери, гејмање слушам Само некое преовиличување на јазикот и преправање.
Простувај им секогаш на оние кои ти згрешиле. Ти нанеле болка. Секаков вид на болка. Спомни дека не знаат што прават и не мора ни ти да знаеш што прават и зошто тоа го прават. Омразата, лутината, инаетот се како товар што ги чуваш в рака - ќе ти затежнат, не ќе можеш ништо друго да направиш. Никаде не ќе можеш да продолжиш. Биди поголем човек. Оти некој мора да биде. Инаку без простување само ќе го продолжиме лошото на земјава. А, ваквите постапки ќе нè донесат до мирот. ❤