Не знам зошто, ама во последно време кога гледам видеа каде што мачка си ги лиже малечките мачиња, ми се плаче, не знам некако се чувствувам чудно, имам измешани емоции.... Во одредени моменти мачката е мајка и им искажува љубов, им дава топлина, а потоа речиси во 90% од случаевите малите се разделени од мајката, сите се на различни места, не се знае веќе кој каде е, не знаат да зборуваат, не знаат да се вратат назад... Не знам, некако забележувам во погледот тага и сентименталност која не сум ја забележала кај друга мајка-животно
Ич не ги сфаќам луѓето што одговараат дрско на мејл. Значи, нешто не ти е јасно или за нешто немаш доволно информации и мора да прашаш.Бираш да пратиш мејлови бидејќи ти е кажано дека само така сакаат комуникација.Се обраќаш учтиво, а они дрско ти враќаат. Не сфаќам зошто.Ако има недостиг на информации, нормално дека ќе прашам за повеќе. На учтиво прашање заслужувам учтив и целосен одговор, а не дрзок и нецелосен. Не знам што им е проблемот, па мејл е побогу, не е телефонски повик. Не е досаѓање, туку учтиво обраќање.Сега се осеќам и од г***о подолу оти некои немаат осет. Некои не можат, а да не го расипат денот некому.
Многу ми е депресивен периодов. Не знам што да правам со животот веќе. Само сакам некаде да се искажам и олеснам. Како ништо да не ми оди веќе. Се надевам дека е само период и ќе помине. Не може секогаш да биде само лошо, ќе биде некогаш и подобро.
Толку многу алишта имам и уште купувам, ама пак со саати стојам и се мислам пред плакарот што да облечам.
Да, јас сум таа среќничка што се настина во сред лето. Никој не ми е крив кога испив ладна вода на екс и истовремено изедов мраз сладолед.
Тешко ми е да зборам за ова тема на форумов, се осеќам ко луда и ко да се жалам за глупости. Периодов се осеќам одлично ментално, среќно. Имам работено многу на мојот однос со храна и индивидуално и со професионална помош и сум на океј место. Ама ете денес се прејадов за ич ништо. Не бинџав, ама свесно јадев нешто нездраво во поголема количина кога ниту бев гладна, ниту имав силен craving, дури и додека подготвував ми се смачи однапред. И во овие моменти не можам да сфатам зошто. Одамна, одамна не сум се чувствувала вака поразено и виновно во врска со исхрана, дури и кога слично ми се десило другпат. Сега баш осеќам вина и разочараност. Пошто барем да бев нешто тажна ќе дадев вина на тоа, сега ништо не ми беше, ко да се мразам себеси. Сеедно. Ќе идам да работам на мозочево и да се ослободам од чувствава.
Го сакам дождот и спокојот кој доаѓа со него, особено звукот на капките врз колата. Ја сакам топлината која ја чувствувам во душата, воздишките исполнети со мирисот на топлите летни ноќи спротивни на свежината во воздухот, замаглените прозорци со безброј ситни капки. Сакам да ја слушам нивната мелодија обидувајќи се да ги предвидам траекториите како што правев кога бев дете. Денес несвесно залутав со мислите гледајќи во нивната мапа на прозорецот. За миг се вратив во моментите кога возејќи се со родителите цртав секакви предмети на замаглените прозорци кои беа производ на детската имагинација. Сакам да можам, барем на кратко, светот да го гледам низ детски очи наместо низ магла иста како онаа на прозорецот. Повторно сакам замагленото стакло да е моето платно додека безгрижно се возам на задното седиште. Го сакам дождот и спомените кои ги буди, спомените на дома.
Се повеќе и повеќе се уверувам во македонскиот простатлук. Визер секогаш има две опции или си плаќаш седиште или добиваш рандом. Принципиелна сум и сакам се под конец,ако сум платила за тоа седиште сакам таму да си седнам. Не морам никому да се објаснувам зошто тоа седиште сум го одбрала,авион е. И така си доаѓам до моето седиште -зафатено. Нагласувам дека тоа е моето седиште до прозор, седи и ме гледа ко теле,се мисли. Повторно нагласувам дека тоа е моето седиште и место да добијам извини добив безобразност од тројца “богати”македонци со guess ташни и златни саати коментирајќи “Нека седи сама”. Сори,рибицо што ти го нарушив волшебното царство ама ако имаш пари за скапи работи имаш пари и за седиште. 6€ е. И што ми е мене гајле за тоа кај ќе седиш ти,да ме замолеше културно ќе се согласев и така сама патував,ама на вашиот простатлук не заслуживте!
Понекогаш форумов станува многу напорен, буквално ко оскари да се доделуваат за кој е повеќе во право
Многу е битно во животот да имаш некој кој ќе те покрие кога ќе заспиеш во дневна и ќе ти го стави телефонот на полнач...
Од ситници за радост у животот: кога ќе си легнеш касно, а не треба да местиш аларм за станување рано.
Кој ги измислил летниве сесии нека гори во пеколот. Не ми се спремаат испити во лето, ми се патува, што не е јасно?
Многу сте смешни кога глумите нешто препич и демек не ги сфаќате роднинските врски, која на кого е золва, која јатрва и слично, демек тоа се застарени поими, а вие модерни. Бич плиз
Јас кога ќе видам и чујам дека операторот одма известил техничар и техничарот доаѓа следниот ден, па не мора да го молам операторот по 100 пати: Јас откако техничарот го враќа интернетот во функција: