Никогаш до сега се немам видено во понервозно издание како денес. Сама од себе се исплашив и се изненадив како може да изреагирам во ситуации кога сум во право.
Многу ми се смени перцепцијата од порано, за толку многу работи... Главен мрчатор бев, зашто ова се славело, зашто она се славело, колку смешно изгледа ова или она. Е сега веќе осетив како лета времето, колку тешки моменти има, многу повеќе од оние убавите. И малите убави нешта се вредни за радување и славење. И да, не мрчам повеќе за ништо. Кој што сака нека прави, ако тоа му ја полни душата и срцето со среќа. Нека прославуваат што сакаат, важно е да се радуваат. Радост, ни фали малку повеќе радост, зашто мрчење и негативности имаме повеќе од доволно.
Се молат некои професори, доктори или што се праат дека имаат некакви 'титули' да не се однесуваат дека се Бог. Бог е еден и над сите нас. Благодариме.
Дали некој друг би го направил истото за мене,далу треба да си добар во овој свет Дали доброто со добро се враќа...
Ептен ми е ќеф кога се дружам со луѓе и не го слушам она добро познато, " А, бе јас коа работев и кафиќ, му носев кафе на главниот у банка, се знаам со него, ќе го најдам да го прашам, ќе видиш" Мн поштувам луѓе што не ги истакнуваат своите пријателства со други луѓе. Скромни.
Иии дааа... некогаш се прашуваме сами и дали воопшто вреди напорот и посветеното време кон некои луѓе.
Сакам да ви кажам само дека ми се повраќа од лицемерни луѓе, а тоа ги вклучува и лицемерите од Фемина. Под лицемери од Фемина подразбирам - глумење емпатија, а да почнеме кавга со некого сме први. И не ми го бришете овој пост ако знаете за срам.
Прашање што ме мачи - зошто навечер имам највеќе енергија и сум најпродуктивна, а не сум ваква насабајле?
Леле го сонував Џејсон Момоа ич не е мој тип, ни пак сум му била фан некогаш прегруб е за мој вкус, дај нека ми дојде на сон Џони Деп, а може и во живо, нема да се бунам
Дојдов да истурам нервоза и јас за вечерашниот хаос. Автобуси вртат, не застануваат секаде, пола град затворен. Сабота вечер, сакаш да прошеташ, низ нос да ти излезе шетањето. Додека стигнав каде требаше, се изнервирав. Тргни - застани. Да ви се плукнам во протестите.
Купете си некој фенси точак мака ќе си немате со ништо, е сега треба да внимавате малку повеќе 4-ри очи да отворите дури и на тил ама нема врска.
Некој има потешкотии поради кризите и си бара решение кое би им се нашло и на други, а друг себично гледа да си го оствари само својот интерес. Јасно е зошто државата и општеството не чинат.
Кога влегуваш у ринг со некој, гледаш да ти е не само до колена. Ако тројца ред за редом ти излезат со -батали, не вреди.. време е да сфатиш дека суетичката ти е на незавидно ниво и стварно не вреди никој да се бори со тебе. Може прво сам со себе чоек треба да се реши во истиот ринг и да се запраша зошто воопшто влегол... Или шо знам.... Чирс ту дет.