Има погрешни луѓе што ги сретнуваш во вистинско време. И оние вистинските, кои доаѓаат во погрешно време. Вторите многу болат.
Не сите луѓе со кои ни е убаво ќе останат во нашиот живот засекогаш. Голем дел од нив ќе поминат и ќе остават трага, трага што никогаш нема да можеме да ја избришиме. Ама ако, ќе ги имаш спомените, нив ќе можеш да ги задржиш во срцето. Затоа држете ги цврсто и сакајте ги оние кои се секогаш тука до вас.
Одамна не барам ништо од никого. Не барам да ме разбираат, ниту да ми дадат нешто. Не барам да ми помогнат, ниту да ми веруваат, ниту да ме сакаат. Уморна сум од тоа да барам што било, освен едноставно да си го живеам животот и да уживам.
Сакам да кажам дека во последно не се осеќам како да сум во моето тело. Кога се осеќам премногу тажно, како да се гледам како работам и зборам со луѓето околу мене, ама јас не сум таму. И ми е страв да не заплачам на работа. Кога се осеќам премногу среќно, како вчера, пак, се осеќам како да работам и зборам со луѓето околу мене, ама јас не сум таму. И ми е страв да не им се изнасмеам в лице без никаква причина. Единствена промена кај мене последните 5 месеци е шо почнав апсолутно отворено да зборам за мене и моите чувства. Oh well, ќе се каам, ама не сега.
СДК дека не знам дали е за гордеење или за жалење тоа што јадам послично со дечињата и бебињата на Фемина отколку со големите. А тие поголемите јадачи гледам и повеќе од мене јадат количински. Да се разбереме, не дека се изгладнувам, него portion control е единствено чаре за тие ко мене.
Искреноста може и да не боли само ако биде искажана на вистинскиот начин и со соодветни зборови. А има и такви за кои немањето осет значи искреност. Од таквите, подалеку.
Способноста за носење одлуки не се сведува само на разумноста во постапките. Временскиот аспект за дејствување е клучен момент кога да се повлече потег, а при тоа да не се направи погрешна проценка. Едноставно кажано, развиена смисла за стратегија... Хммм... Индивидуална емоционална интелигенција...
Вчера пред да почне концертот на Лени, дојде Сиљановска при еден од блоковите. Па обезбедување околу неа, го ставиле кабелот од фиксниот зад уво, па се уфилмале, па и она со нив Дали дојде по гласот на Лени Неврмајнд, концертот беше вонземско, надреално лудило
Доста ми е веќе од испраќања ... Најсаканите луѓе ги гледам најретко, ги пречекувам со најголема радост и ги испраќам со најголема тага.. Мислам срцето ќе ми пукне веќе...
Го видов ова и веднаш ме потсети на острите етикети што можат да се прочитаат тука за јавните фаци, како „стап за чукање ореви“ за слаби луѓе на пример. Затоа, критикувајте и исмејувајте лоши карактери, ароганција, невкус - но не и висина/тежина, или пак говорна мана и слично. Навреди за нешто што не зависи од човекот, никогаш не се во ред.
Не,не,папо.Не ни е добра земјата. И ние не сме добри.Тонеме во неморал,беда,лошотилак,сплетки,мито и корупција. Срам треба да ни е!
Не знам колку пати треба да одбиеш нечија покана за излегувања, за личноста да сфати дека ја одбегнуваш лично неа или едноставно имаш тежок период па не сакаш да излегуваш...Стварно не знам. Секој втор ден да праќаш порака со покана, а другиот упорано да ти смислува глупи изговори, треба ниедна трошка осет да немаш дека си досаден и напорен. Кога ќе ти рече некој дека не може периодов да излегува, значи не може повеќе дена со ред, а не ти пак да го бараш ко досадна вошка секој втор ден. Преку глава ми е од без осет луѓе. Па уште фалеше да прашаш дали те одбегнувам Добро е, напредуваш. Само уште да сфатиш дека сите ги одбегнувам не само тебе, добро ќе биде. Не ги можам и не ги можам. Секако имам лични проблеми, па сега преку пораки ќе се правдам дали ги одбегнувам или не некои поединци. Ма гонете се...Ни ќе ме сфатите, ни барам да ме сфатите, доволно е да не ме барате.
Да се собереме сите што не трчавме на маратон и ајде едно 'ми се допаѓа' за сите што трчаа и не споделија милион слики од маратонот. Respect ppl.
Втор пост ми испадна за политикс, а не дека ги следам, ама застанувам прееска на Мтв, и покрај победата на опонентот, Ѓорчев вели дека во 80% од општините тие воделе. Кој концепт за математика. Ех да го имав мозокот на нив и оние со поштенското сандаче од Кам, поштено мозокот ќе ми беше во бикини, на плажа во Мајами
Сакам да кажам ова ми е првото мислење на форумов. Сакам да кажам роднини кои зад грб ме оговараат и ме бараат само кога нив ќе им треба нешто воопшто не ми требаат во мојот живот. Ниту ги барам повеќе ниту ќе им кренам слушалка кога ќе ме бараат кога ќе им треба нешто. Со текот на годините се повеќе и повеќе се стеснува кругот на блиски луѓе. Но, верувам дека е најдобро покрај себе човек да ги има само оние вистинските макар и тоа да е мал број.
Она кога се отвораш на некоја личност дека имаш проблеми, а тој/таа ќе рече: Немаш гајле...Излези, прошетај, купи си нешто и ќе ти помине. Чисто информативно ако некој (кој инаку ретко зборува гласно за проблеми) ви се обрати за помош, колку и да сте зафатени одвојте барем 5 минути и посветете му внимание...пружете му љубов и поддршка. Премногу значи таков добар гест. Вас 5 минути не ви значат толку, ама некому може животот да му го спасите со тоа што ќе поразговарате.