Повеќе од 5 дена, заспивам касно, се будам рано и најинтересното е тоа што сум со фул енергија, а спијам по 3, 4 саати.
Море ка ци ти, еве ти летам накај тебе. Детска радост блика од мене, ама што да правам обожавам да сум покрај в о д а
Нема ништо поубаво од утринско брцкање во море. Стануваш, отвараш очи и следно се релаксираш во солена вода. Ме ра ци, да можеше вечно да потрае вака.
Кафе се пијуцка рано, додека другите спијат и е тишина, само јас не успеав ова сабајле рано да го пишам, затоа сега хахаххахаха. Одјава крајно!
Зошто има толку љубоморни другарки? Никогаш не сум завидувала на туѓа среќа, зачудена сум од некои луѓе.
Мал си и не си свесен што се мама ти спрема. Уште сега мислам на роденденско изненадување (early booking in Italy ) зошто знам дека ќе те израдува повеќе од било која играчка. Имам среќа што имам дете ко тебе, но и ти имаш среќа што имаш родител ко мене, што може за 48 часа да профуцка 500 еуричи за среќата да ти ја види на лице. не дека имаме, ама како знам и умеам правам се за тебе да те гледам исполнет... Ништо не ми е побитно од ти да си среќен
Нема ништо поубаво од среќни лица, еве гледам тука по лицата на луѓево. Среќни семејства мајка, татко и дечиња, си пливкаат кое со гума, кое со мускули на рачиња во прегратки на родителите. Ги гледам како си играат безгрижно и си размислувам која радост им причинува сето ова, одмор во ексклузивно престојувалиште со се што може да им приушти тоа. Па ми текнува ќе им заврши одморот и ќе ги лапне машинеријата дома па раб. трчки, фрки и ми паѓа така малкуцка криво. Зошто кога завршуваат убавите и безгрижни мигови и кога темпото вртоглаво забрзува забораваме на кратко да подзастанеме и да си се наполниме со малкуцка спокој и мн. позитива? Ај толку од овертинкингот, отидов да се брцнам во моренцето