Примив туѓа негативна енергија и ме кутна. Ме исцица до срж,сето позитивно што го имав го снема. Сѐ нешто ме боли, се ми се собра-така на куп. Зошто сте толку болни бе, зарем не ви е убаво кога некој ви подава рака да ве води и да ви шири позитивна енергија… Зарем не ви е убаво да се смеете и скокате од радост без причина… ….
Денов ми помина прекрасно, ама врв ми беше кога пред саат време имав видео повик од мајка ми и таму дење, а тука ноќ беше веќе. Таа облиена со светлина, јас тука во темнина и покажувам како светка секое најмало прозорче, секоја улична светилка, сите прекрасни објекти на шеталиштево крај морево. Колку можности ни нуди технологијава, поврзува светови и моментално физички разделени најблиски души, ама сите не знаат правилно да ја употребуваат или немаат пристап до овие можности. Штета, светот би бил најубаво место кога сите би имале еднакви можности и привилегии да ги користиме сите подеднакво.
На другарка и го замешав роденденот со на друга другарка и и купив поклон. Кога и го давав цела беше зачуден и кога и реков “Среќееееннн Роденденнн“ почна гласно да се смеј и јас онака цела зачудена реков шо дешава сега чупево и на крај ми вели, абе ми помина роденденот и јас цела брукии ХАХАХА. Ај барем ке ги памти моите глупости цел живот. И и и и важно го бендиса поклонот.
Се пронајдов јас во книгата што ја читам...Авторот ми дава портрет на повеќе ликови, а се пронајдов во неколку... Оддамна не сум фатила книга во раце, вистинско задоволство е...
Храната стана луксуз со 18.000 плата, некоја лигла што имала среќа да се роди во богата фамилија што ја финансираат до 30 години, нашла да збори како можело евтини парфемчиња до 500 денари да користиме, парфем под минимум 50 евра, не бил парфем. Знаеш колку ми е гајле за парфеми жено? Сапун, вода и дезодоранс, чиста сум. Не е важно дали мирисаш на парфем од 100 евра, битно е да си чист. Се мислам како да го преживеам месецот, како да јадеме еднаш неделно барем месо кога толку е поскапено, каква здрава исхрана со 18000 плата да имам, сум немала пари некогаш ни најевтиното да го приуштам. Признавам некогаш денот сум го поминала само со паштета, да, најевтино ми било, особено додека студиравме во студентски дом. Не сум мислела дали ќе јадам брокула и колку калории ќе внесам, дали е здраво или не, па еве ништо не ми е, не ми паднала круната. Не па да се замарам дали парфемот ми е 3000 или 300 денари. Не фаворизирам сиромаштија само некако многу работи се прикажуваат како нормални, како да секој треба да има парфеми од 3000-6000 во оваа инфлација и немаштија. Во моментов добро е и да имаш плата и кров над глава пред се. Имајте си за расфрлање, само не го прикажувајте како да е нешто што мора секој да го има. Ни ми е гајле за вашите парфеми од 6000, ни за вашите кармини од 1000 денари, ни за ташните од не знам колку евра. И со поевтино се живее. Особено кога си немал некогаш ништо, знаеш и тоа евтино што не е бренд да го цениш кога ќе имаш пари да си го купиш. Со свои чесно заработени пари.
Дипломирав конечно минатата недела. После 7 години студирање, но без никакви врски и секој положен испит само со сопствен труд. Ми преседна и студирањето по толку години, не сум ни толку среќна колку што мислев дека ќе бидам кога ќе дипломирам. Го завлеков факултетот зошто работев за да можам сама да си ги платам студиите. Уште не ми се верува дека конечно нема да полагам и завршив со сите тие исфрустирани професори и неодговорност од нивна страна, чекање резултати со недели и цела досада, стрес и нервоза низ тие факултетски денови. Нема да ми фали факултетот. Сега ми проработе амбициозноста, што дури си викам магистратура да запишам понатаму. Нит се терам, нит се водам. Кога ќе видам кој се глуми интелектуалец и е магистер, зошто да не можам и јас?
Одамна не сум си поминала вака убаво, добра журка, јаки пијачки, убава музика и опкруженост со луѓе од целиот свет, да ти е мерак да бидеш дел од тоа светско шаренило наоколу.
Инстаграм. Толку нереален живот прикажува страшно нешто. На инстаграм сите се биг хепи фемили, сите вежбаат, сите здраво се хранат, сите вака, сите онака, абе ај, сами лажете се , бар не ги лажете другине. Мај ес дека јадете само житарки,путери , млека од бадеми, лешници палачинки, ќофтиња од леќа, тиква. Уствари, можда јадете, ама цел ден сте со нозете во вис, одете работете физичка работа со млекцето од бадеми и двете лажици чиа.
Многу е смешно коа по грешка ќе ти стават лајк на слика а не ти се у пријатели... па тоа одма блок, па одма драма пааа.... Абе чоек, чим се замараш со мене едино нешто што може да помислам е дека стварно ти е толку досадно у животот па ми го пратиш профилот. Жал ми е, стварно ми е. Не требало до толку да ве лажат дека сте принцези и да ве учат да се мажите само со некој што има кеш... зашо еве шо ви се дешава потоа...
Во врска со фискалниве народов е загреови. Секој ден реметење дај сметки, барање сметки по групине, паѓање во очај ако некој не им даде. Знам дека сме сиромашна држава ама ова е дно Да се дополнам.:Буричкаа/ат во кантите за да земат фискални.