Изгледа оние кои веруваат во закон за манифестација или како се викаше, имаат многу секојдневни посакувања. Ние фантазерите и мечтателите шо да прајме? Цела наука треба да се смисли.
Пред да кажете дека се одржала "контра парада", уклучете го текнувалото малку. Поддршката на традиционалните вредности не значи прогон на хомосексуалците. Еве ова запомнете го, за во иднина да знаете што зборувате.
Кога во денот имам многу малку време за да скролам по социјални мрежи, тогаш знам дека времето сум го поминала убаво и квалитетно. За појше вакви денови.
Си се сончам на тараса по шорцови и пижама оти знам дека летово пак нема да видам ни плажа ни базент. За грев сум.
Какво жално време на сиромаштија дојде, луѓе молат за сметки, за 1800 денари, додека на политичари еден ручек во ресторани им е 500 евра од седнување. Жална си Македонијо.
После цели теми изредени со претежно девојќи кои имаат проблем со потење, форумов повторно шејма пот. Жена на жена.... Ако чита некое девојче (или момче) кое сега влегува во пубертет, многу добар „пример“ сте му. Алал. А ако чита некое девојче или момче: не се стресувајте, нормално е. Ќе се среди со тек на време, само ако не претерувате со антиперспиранти
Вчера се бањав во море,се сончав,си го истерав меракот денес на работа едвај издржувам со температура,растечен нос,омалаксаност. Немаа кој да ме смени, не ми се ни јаде и се ме боли. Значи,женско што ти значи.
Уживам во зуењето на еден комарец додека се трудам да ми се приспие. Јас го одбивам он упорно ми се пушта.
Капната сум од работа, ми треба планина, мир и тишина. Топла пита за доручек, кафе испиено по гаќи на тераса, сакам да се понашам ко да неам мозок неколку дена. Ми треба пауза и одмор. Фала.
Интересно е како некој заеднички екс го праќаш да се распрашува за мене,дај пиши ми сама не биди п*чкетина.
Ми нема поубаво опуштање од седење пред тв со мачорот.Гледам што готви омилениот готвач или некоја серија или филм.Мачорот си преде до мене. Милијарда пати подобро од слушање празни муабети на себични и токсични луѓе.