Многу е тешко да се разбереш со личности што не знаат што сакаат. И најмал труд да се обидеш да им помогнеш или да им помагаш долготрајно значи прегорување за тебе на крајот, а тие пак ќе си останат збунети и вечно ќе стојат пред раскрсница незнаејќи на каде да тераат по патот.
Од среќа у животот го издвојувам тоа кога прв ден добиено ми се погодува во слободен ден за на раат да одлежам. Али поголема среќа е тоа што конечно ќе имам одмор на раат и ќе видам плажа ко човек. Што малер бев последните години, одмор без добиено немав погодено. Женски маки.
Не можам да ги разберам луѓево, ако дете удри друго дете ауу невоспитаноо, ако дете се повлече и стави рачиња на очи аааа што маж ќе станеш ти бее оди земи ја играчката, турни го девојчето Абе баби сервис така ли се воспитува дете?
Она кога денот ќе ти почне со резултати од полагање и ќе видиш дека си положена, па одма денот ти станува одличен.
Другарки се изгубија зошто се омажив млада, а тие се сингл и не сум им одговарала за шетање веќе. Мислиш мажот во подрум ме има заклучено и не ми дава да излезам.
Лето е убава ствар ако си на некоја плажа и уживаш без било какви обврски и работа на жешково. Иначе лето у Скопје е хаос и завршување било каква обврска и работа денски е умирачка.
Се трудам, работам, и само што ќе помислам дека сум стасала до крајот и ќе ми биде успешна годинава, нешто што е вон моја контрола, ме сопка и ме запира, да не можам да си го довршам тоа што сум го почнала. Само нека биде сѐ добро на крајот, и нека ми се исплати трудот..
Најтешко е тоа да изгубиш некој.Па, се вртиш прашувајќи се дали си можел/а нешто поинаку да направиш.Да си се интересирал/а повеќе. Понекогаш не ти се одговара на повик, но треба да одговориш.Еден одговор може да влијае врз нечија одлука, да помогне некому.
Ми се патува некаде со часови каде што ќе имам убава глетка од прозорецот со поглед на море или прекрасна природа. Да имам и пуштено музика на слушалки. Прав рај. Баш вакво нешто ми треба во моментов.