Некој пред 2 недели да ми кажеше како ќе се одвиваат настаниве сега ќе го направев будала, ќе се изнасмеев и ќе си легнев. Не можам да опишам колку е сè подобро. Од ден за ден сè поисполнета сум. Благодарна сум за сите лоши и добри моменти до сега. Да не постоеја, немаше ни да сум сега тука. Срцето ми е на место.
Зошто постојат луѓе без грам осет, толку entitled што не се свесни дека одземаат туѓо време и просто кажано замараат? Не сфаќаат ли од фацијални експресии, реакции, незаинтересираност, нервоза... Мора ли сè директно да и се каже, тронка самосвест да се немало.
Каков е тој верник кој се' чука во гради со вербата, а во исто време за секунда го пречкртува блискиот како никогаш да не постоел? Без да го сакате ближниот, вие не сте и не може да бидете верници Не ве судам, далеку сум од безгрешна, на крајот еден ќе не суди сите според заслугите.
Пред сè, биди човек, така велат старите. А сега, од каде да почнам.. ... - Седи, ама не зборувај. - Биди онлајн, ама не пишувај. - Абе дај кажи твое мислење.. - Не, не е такаа. - На секој одговор одбегнување. - Понашање 0. - Не те перцепира, а упорно бара одговори.. - И да, секогаш тие во право. (жално) Луѓе, како се справувате со вакви луѓе? Еве јас пробувам, ама не успевам.. Плус, кога веќе почнува да се меша трето лице и го поддржува другото, едноставно се тргаш, секако не можиш да се одбраниш, колку и да си во право. П.С. Понастрана од токсични луѓе. Нема потреба некој да ти го зафркни цел ден, заради неговото негативно расположение и начинот на кој се однесува. Едноставно, некои луѓе не можиш да ги смениш, колку и да гледаш дека тоа му е потребно. Начинот на кој се однесуваат и помислата "јас сум во право" ги оддтргнуваат од блиските и саканите, ама нели, тие си знаат. Секако денов е убав, дождот го направи уште поубав. Убава вечер луѓенца.
Надвор времево совршено за прошетка и кафе во парк, а јас седам дома и спремам испит за неделава. Животе, свадба без пирошка.
Замисли постои човек кој во животот има толку многу слободно време за да гледа во животот на другите, кој што прави, како прави + се осудува да зборува за тоа. Кое ниво на беда е тоа место да бидеш продуктивен и да направиш нешто корисно и паметно во твојот живот, се занимаваш со туѓ? Ама ајде, нека им е со помин.
Без навреда, меѓутоа, темата гатање баење ми дава надеж во животот дека не сум пропаднала толку со животот, да идам по жени да ми гледаат на маса, ѕид, кафе, нож, со цел да ме оправат