Поради премногу стрес морав да се оддалечам од некои нешта и личности и да направам промени.Морав да си определам време за себе. Ама, знаев и дека не можам скроз да се изолирам. Се видов со нови луѓе и добро ми беше.Арно, ама со мене и срамот си појде.Гласот ко сецнат. Секогаш кога запознавам нови луѓе после разговорот дома сум ваква со 275570 мисли: Oh, no... Пак ми беше гласот за никаде. Дали звучев глупаво? Да не кажав нешто погрешно? Што ако оставив лош впечаток? #ЈасиМојатаВечнаНесигурност
Колку се нервирам кога автобус ќе ми избега пред очи за малце, толку се радувам кога одма ќе дојде автобус штом стигнам на автобуска.
Мислам нема поубаво од тоа да си опкружен со позитивни колеги и колешки, во секое лошо, пристапуваат со добро, насмеани, секогаш добро расположени, позитивни, ми го направија денот од лош-убав, некогаш стварно се е до луѓето со кој сме опкружени.
Луѓе сакајте се повеќе. Оставете ја таа злоба, омраза и песимизам. Не губете време од животот оговарајќи и замарајќи се за луѓе што не знаат дека постоите на овој свет. Кога ќе дојде крајот ќе се каете за тоа што времето сте го поминале како намќори, песимисти и оговарачи наместо да бидете исполнети со позитива, насмевки, љубов, да зрачите! Прегрнете ја вашата сакана личност, погалете го вашето милениче, кажете некому колку ви значе денес, искажете љубов, пејте ја омилената песна, танцувајте, гледајте го зајдисонцето, насмејте некого. Животот е во мали работи и минува многу побрзо отколку што мислете.
Не ги ставајте рацете во оган за никого, бидејќи еден ден ќе ви речат дека не ве натерале да го направите тоа
Најрелаксирано се осеќам после купување работи. Дефинитивно шопинг ми е омилена активност во животот, признавам. Обожавам со часови да се шетам по продавници, баш пуштање мозок на одмор е.
Не знам како да се справам со пасивноста и злобата во луѓето на работното место и ме јаде тоа одвнатре..
Де де, сите се жалат на кризи, нема пари за јадење, сметки не знам што, (ништо лично) ама темана што последно купивте секој ден фрчи од крпи и партали, сВе за мода
Ме фаќа носталгија за некои моменти, патувања и луѓе кои не знам ниту каде се сега, ниту што прават. Мислам дека цел живот ќе водам борба со себе за да се навикнам дека животот иако е убав, е многу променлив. Во суштина сум личност која не сака драстични промени, но, кога нешто ќе се загуби и некој ќе те напушти, нема назад, нема молење.
Ме фаќа смеа кога ќе ми речат нешто за некој.Неочекувано било,како да не... Поради тоа што го видов и доживеав од личности што ми се крв,веќе ни постапки на други не ме чудат. Светов е станат премногу злобен.
Околу мене има три типа на женичиња кои фураат ист муабет, едната постојано за демонот в куќа (свекрвата), другата еве веќе 5та година секое видување дава отказ од работа и третата те дружи полу мртва од уморот со две мали деца…. Стварно ми фалат моите другарки
Некој рекол дека луѓето се паметат по крајот, на почетокот сите се мед и млеко, ти наздравуваат со шампањ, ти фрлаат конфети на твојот пат, наводно ти се ветер во грб, а потоа гледаат сандакот да ти го турнат и симболично да ти фрлат малку земјичка.
Откако станав седам пред лаптоп и бинџам серија. Слободна сум и имам време сега ама не ми е толку интересно гледањето како кога имам обврски и бинџам серија, па така прокрастинирам и тогаш се ми е најинтересно. Why am I like this?