Колку ми фали една личност.. Вистина е она дека не знаеме што имаме додека не го изгубиме. Со години се каам што испадна се' вака. Се надевам дека го живееш животот што го заслужуваш.
Другарка била сабајле на лекар, ама д-р не била дојдена затоа што не можела да работи прва смена многу и било рано, па од сега ќе доаѓала само втора смена...кој по ѓаволите иде на лекар попладне ЛЕКАРИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА МЕДИЦИНА, САМО ПРОФИТ
На првата меѓувладина конференција во Брисел ЕУ звучи ко да не моли да сме дел од неа. Што е чудно. Иначе имам чуство дека иста личност ги пишуваше говорите и на Зочо и на Таче. Апла од точка до запирка.. ист стил.
Зошто летни месеци некако секогаш ми проаѓаат со брзина на светлината, а другите месеци се влечат ко индиска серија да се?
Животот треба да го живееме до максимум и да го правиме тоа што не прави среќни, затоа што е еден и без реприза.
Оној филинг кога ќе си дојдеш дома после зафатен ден, ќе избришеш шминка, ќе си облечеш пижами и ќе си седнеш лагано да си гледаш филмче.
Ми се повраќа од луѓето кога некој ќе ми каже имам 45 годишен братучед неженет, да ве запознаам ако сакате, што планираш ти накај 35 веќе ќе одиш, ајде не чекај толку. Доста се мешате веќе во туѓ живот, ненормални.
Кога ке разберат некои луѓе дека немаат право да се мешаат за моето тело, дали сум ослабнала или сум се здебелила, колку пирсинзи имам, дали сум тетовирана или не... Мое тело е, не ми се мешајте