Ми вели дека карактерно сум личела на него со негативен тон.Оти ми пречи себичноста и неправдата кај луѓето.Оти не сум себична. Не можам, бе.Растејќи покрај него научив дека себичноста е лоша особина. Тој делеше ствари со други.И јас ферски сакам да делам.
На вакво тешко и жешко време немам желба за ништо освен за пијалоци со многу лед и седење под клима. Да можев да се транспортирам сега на некоја плажа ќе беше совршено...
После долго време, договори, организација дома и така се подмирено и испланирано ќе излезеш со другарка на концерт, еуфории на сите страни и ти се случува да чекаш цели 2,5часа да почне и никако да почне, си одиш дома и го пропушташ концертот… ееех животе скоте
Морам да се променам и да не очекувам многу. Ги ислушуваш со денови ги советуваш . А истите со денови те немаат прашано како си.
Едно од најголемите проклетства - ти свиѓаш некој што не(доволно) те свиѓа тебе, а ти му се свиѓаш на некој што тебе не ти се свиѓа. Кај ги наоѓате оние со кои се свиѓате исто меѓусебно?
Како луѓето идат/се моткаат со други луѓе 1-2 месеци после раскинување? Мислам, најнормално е и не е ништо лошо само сакам и јас да знам како. Помина болката после раскинување, ама сепак уште се стабилизирам, барем така се осеќам. Освен тоа, и да сакам да сум со некој, не можам јас толку брзо да запознаам со некого, веднаш да биде нешто, ептен експресно ми е. Како и да е, што е мое ќе си дојде.
Јас никогаш не давам втора шанса. Давам барем 5 шанси за да си докажам дека сум будала, после уште 3 за стварно да се уверам и на крај уште една за да не се парен број.
Досадни сте колку било топло, па што да биде во лето, снег ли? Во лето, топло во зима ладно и што сега секоја втора вест како било пекол
Стареењето е чудно затоа што уште си истото ентузијастично дете заробено во старо, проблематично тело.
"Он/она е уметничка душа, не може да се врзе со никој, премногу е лаком/а за да го живее животот“... Не, “он/она“ е само неодговорен/на и недозреан/на „тип/ка“ „правата“ “уметност“ да бидеш „одговорен и да бидеш среќен у исто време со луѓето со кои си, без да бидеш циник во однос на човечките релации. Да се посветиш на нив и ја прифатиш својата ранливост. (sic)“
Кога ќе престанам да гледам глупи детски/тинејџерски серии со 0 квалитет, никаква приказна, никаква цел, без смисла и поука? И зошто никогаш?
Како ми се погоди дожлдивава вечер за да откажам планови за излегување и да си ја поминам вечерта лагано дома во пижами гледајќи си епизоди од омилената серија. Ептен убаво ми дојде, скроз се изрелаксирав.