Постои соодветно време да се премести мебел и да се руши ѕид. Два часот ноќе и седум наутро не е соодветно време.Секој има потреба од и право на мир и тишина, а никој нема право да ги нарушува.
Само простото Македонче мисли дека ако платил на некој да му работи нешто за повод, веселба, дека може душата да му ја извади за мочани 100евра, од кои работникот дали ќе земе и 1000ка (денари де ). Значи се договараш за одредено време,одреден саат и после си чекаш, чекаш , чекаш оти простакот мисли дека те купил и треба да чекаш цел ден , тој да си тера ќеф. Оти нели " он платил " , па сега мора да трпат другите. Па уште и со зборовите "ја сум те платил, кога ќе кажам јас, тогаш" Само овде не важат никакви правила, никаква совест и почит спрема времето на другите. Проста сељачана постои на секој чекор.
Нема послатко од заработени пари со сопствен труд и знаење на работно место по струка. А колку се размислував дали да прифатам заради условите еве да можев на секое премислување да не аплицирам за ова да си влепам по еден шамар ќе си влепев, ма и два да можев. Е сега понапорно е од претходното, ама можностите што ми ги нуди никогаш немаше да ги имам со тоа. Ама навика, па ајде трпи, ај ти она, ај ти ова, а колку сум грешела, арно што имав прилка да се уверам во тоа.
Море е терапија за се. Да можев да бирам одма ќе се преселев некаде покрај море и немаше да размислам 2 пати.
Кога ќе дадам совет кој е побаран скоро секогаш обратната страна ќе се испонаша , без да се сецне. Знам дека беспотребно се грижам за нив и се замарам самата . Кога тие не се ценат сами себе , зошто би јас. Веќе со денови не ги прашувам како сте , што правите ... се прилагодив, исто се понашам како нив . Можеби им е чудно но тоа е . Имам грижа и сакам да прашам но да се ценам себе ми е на прво место.
Токсичните луѓе добро глумат жртви и бараат сожалувања и извинувања од другите за грешки што тие ги направиле.
Станав црвенокоса пред некој ден и зошто никој не ми кажа дека несакани ефекти се измачкани крпи за коса и што не се постигнува од шо сите сакаат да те еб*т.
Значи, најмногу ме нервира кога во 5 до 12 ќе ми кажат за излегување. Пример, ми се јавија во 19ч да бидам во 21 часот в ресторан, тој што ја резервирал требало тогаш да ја земи. Па нека ја земи, јеб*те. Тројца се.
Некои не можат, а да не зјапаат во други. И упорно се трудат да слушнат нешто што не ги засега.И потоа на улица им прераскажуваат на други. Немаат поим што значи приватност. Пак го гледам она „селанецот излегол од селото, ама селото од него никогаш“.
Порано ич не сакав вакво време и секогаш се нервирав што ќе ми ги расипе плановите ама во последно време уживам кога е вака свежо и разладено.
Некој ти должи многу, а друг ич не ти должи.Не можеш и не смееш ни да очекуваш исто од сите, ни да ги ставаш во ист ќош.
Ја секој пат (читај: јас денеска) кога ќе станам и од сабајле без прекин ќе си гледам серија на интернет со саати: