Топло време и бебе што се буди и плаче ноќе, а се смирува само кај тебе во раце = комбинација што те остава цела ноќ без спиење. Какви подочњаци имам, многу се чувствувам уморна.
Кога слушам некои песни или гледам постари филмови ме фаќа носталгија за времињата кога првпат сум ги слушнала или видела бидејќи тогаш излегле како најново нешто. Ме навраќаат во едно друго време и ми будат убави спомени па си помислувам со кои личности сум била тогаш, со кои сум ја пеела таа песна, па сме се журкале на неа или со кои сме ги гледале филмчињава. И ми текнува на летните распусти, па со другарките отепување од групно гледање серии и филмчиња, па прераскажување на сцени, па една ќе имитира што се кажале... Спомени што душа греат
После долг период се почувствував старата јас . Онаа која се смее без да се секира, која не глуми за да не се разочара . Вчера бев на гости. Осекам дека луѓево пазат при комуникација со мене до пред некој период тоа ќе ме болеше а сега ми е сеедно и ми е жал што се такви. На некои моето мило обраќање кон деца може му е како лигавење но јас сум таа . Сакам деца и знам како да влезам во дискусија со нив. Тоа е мојата аура па кој сака и како сака нека го разбере тоа. Насмеана , позитивна , харизматична нон стоп расположена за шалење на своја сметка , тоа сум јас . Вчера бев тотално онаа старата јас .
Да повториме, иако сите тоа го знаат. Животот е комплициран, не е фер, и е постојан ризик, нема никакви гаранции и никаков претходен чекор не гарантира дека следниот ќе биде добар. Но, веќе кога нѐ родиле, мора да се обидуваме. Се надевам дека имате сѐ уште сила да се обидувате и дека барем нешто ви успева, другари.
Колку брзо поминува времето. Налетав пред некој ден на прашања дали кога би постоела временска машина би ја искористиле да се вратите во времето и дали ако имате можност би промениле нешто. Моите одговори се не и не, секое поминато искуство ме направило да бидам јас таа која сум. Е сега само би сакала ако има можност поубавите искуства да поминуваат побавно, а полошите побрзо, а сепак се да биде во рамка на времето што е истечено како и досега, ама нема и не може да биде така.
Учењето не е тоа тоа ако белешките за учење не си ги "декорирам" со цвеќенца, срценца, подвлечени наслови, боички разноразни... Скроз ме релаксира тоа средување и шарање по страниците на тетратките. #исповед
Едни од личностите кои не ги поднесувам се родители кои си ги делат децата.На машкото му идат по ќеф, а женското не го фермаат ни 1%.Ги гледам и ми се лоши. Зошто прават деца кога не се способни да им дадат вистинска љубов и подеднаква грижа?
Не се научив да легнувам рано и крај. Се откажувам од пробување да се сменам, никогаш од мене нема да бидне morning person.
Се сеќавам на таа прослава како да беше вчера.Возрасните седнати на тие огромни маси, а децата растрчани наоколу по куцо и мацо.Еден куп луѓе, еден куп насмевки.Една кажува вицеви, другите паѓаат од смеење. На масата чорбалаци со компир манџа и тањири со 3 вида месо оти сите не јадевме исто. Од благо омилената торта на дедо и чоколатца за малите. Години понатаму празно. Некои заминати на оној свет, а живите раштркани секој на своја страна.Тажна сцена со куп болки. Животе, не си фер.
Колку добро ми дојде одморов, само 4дена сум а веќе си направив генералка на пола, си имаш време за кафе, за тинтрење нате нане, за серииии, филмови, за искачање и за се. Ах, животе И фала му на Бога што сме живи и здрави сите!
Ќе те повредат и потоа ќе направат да се чувствуваш како ти да си ги повредил, па на крај и ќе им се извиниш... е животеее
Работам државна работа и се согласувам дека во повеќето институции е клати врата зимај плата, не ми се седи дома а морав да земам одмор (а на море не ми се иде ) да го искористам, да ми кажуваше некој дека повеќе ќе ми се иде на работа одколку дома немаше да му верувам, ми фали друштвото од работа
Она кога ќе сонуваш преубав сон и ќе се разбудиш баш на најинтересното. Како реклами на најинтересниот дел од филмот.
Во минатото некој страдал со години за денес друг мачителите и нивните дела да им ги величи наместо да го цени неговото жртвување. Светов е премногу скапан.