На 1 Август сум направила 10 години на Фемина. Боо, брзо мина времето. На првото мислење не се ни сеќавам. Запознав супер ликови, имаше кавги,имаше плачки. Завист и љубомора. И покрај сѐ, форумот си е мало катче за сите. Cheers
Со добра организација , мотив и договор се постигнува се. Букирано за на одмор, сепак се оди Ќе се полнат батерии на нај јако
Згрозена сум од вакви случаеви. Некогаш си размислувам камо среќа да постоеше Интернетот бидејќи сепак е корисен, но во други размери. Социјалниве медиуми одат се на полошо.
Знам што треба да направам за да излезам од ситуацијата во која што сум, ама немам храброст да го направам. Се надевам нема уште многу време да се измачувам вака.
Он своите деца не ги средил, а за на други одма знае што е решението. Нека си гледа во сопствениот двор.За сите ќе е поарно.
Мразам мажиња што “домаќинката“ им станува досадна и се заљубуваат околу. Значи ок, може да се заљуби чоек, ама бре жена и две деца имаш, за кој к*р друга и други деца гледаш, не разбирам и не. Ако не ти иде бракот седни како човек искомуницирај, а не оваа досадна е оти со деца се занимава, ти дечкиќ. Мрш. И уште ќе плаче за таков. Од срце му посакувам една нелечлива импотенција, шупак.
Навистина си глупава жена и личност ако мислиш дека дечко ти само ги гледа другите девојки на социјалните мрежи и дека кога им лајкува тоа ништо не значи и никогаш не би те изневерил. Ќе ти се смеев ама ти си за жалење. Подобро припази што прави твојот сакан дечко отколку да се занимаваш со мене и да им зборуваш на луѓето за мене и да ги лажеш.
Зошто се толку долги ноќите?? Цела вечер листам на тик ток пошто не можам да спијам и преспоро проаѓа времето... Барем да се раздени убаво и да станам
Луѓе кои цело време мислат дека се во право не се луѓе до кои некој треба да се држи блиску. Аааа, не е така, не си во право...Од каде ваков заклучок? Никој не е цело време во право и не може да биде. Различни сме. Различни нешта сме учеле и учиме.Имаме различни искуства во животот. Треба да се има почит. Но, не може да бараат почит, а да не ја покажуваат кон другите.
Бар десетина да вложеа труд во правење тројка во реалност , ко што го „дрват“ овде на форум, до сега ќе направеа human centipede.
Запознав една личност неодамна, сосема случајно влезе во мојот живот. И раскажа за негов приватен проблем, тежок, за разводот низ кој сега минува. Видов болка, гнев, фрустрации во неговите очи и се препознав себе, но и мои блиски, препознав страдање кое ние го доживеавме неодамна, а сеуште пече и боли... Сега после толку време кога размислувам со ладна глава, со смирени емоции, си велам дали вредеше? Мирот и спокојот пак ми се враќаат полека, подготвена сум да пуштам и заборавам, само дали би простила?! Не знам... Се надевам дека и тој ќе си ја најде среќата, ќе успее да изгради емотивно здрава љубовна врска.
Во целиов хаос дома ... со подочњаци до колена. Добивам повик на вибер. Бев изненадена збунета и среќна истовремено. Се спремав и на договоренето време се појавив на камера. Интервју Илиноис - Охрид Бидејќи барам работа хонорарна веќе подолго време а тоа време еве дојде денес се чувствував многу ама многу чудно. Па дури и си кажував извинете збунета сум малку. Незнам можеби не требаше но ете кажав неколку пати. Веќе два часа размислував за плата па пишав емаил. Како прво интервју кај друг работодавец според мене поминав со 7 од 10. Со каква главоболка и грчеви во стомак се појавив и тоа е супер. И после 5 часа од случкава се чувствувам чудно и како да немам доверба во себе за таа работа и како интуицијата длабоко во мене ми кажува дека јас сум таа која ќе ја добие работата.