Секогаш велев не ми се живее ама сега толку си го упропастив животот што целосно ја изгубив мотивацијата и желбата да продолжам, да знаев дека никој немаше да жали по мене веќе одамна ке се убиев. Се отргнав од сите само за да не приметат кога ке ме снема ама не можам да остaвам некој да оди по погрешни стапки Дојдов до тој степен што кога сум меѓу луѓе кои се смејат мене ми почнуваат солзи. Животе зоштоо?
Не разбрав зошто по секоја цена мора да се брза да се омажи или дечко да се имало. Ко мажите да ќе избегаат.
На тераса пријатно време, дома жешко. Ми иде креветот на тераса да си го преместам и да спијам, зошто не се издржува летово веќе.
Кога ќе се сетам на почетокот кога почнав да работам колку пари трошев на облека и слични глупости, денес не ми се дава денар за гардероба, од секоја плата си купувам евра, многу поубаво се чуствувам дека не сум потрошила пари без врска.
Не ми е јасно како од карго секогаш успеваат да ми се јават или кога не сум дома или кога сум дома ама се туширам, вежбам, спијам или имам маска на лице и баш тогаш не можам да излезам одма.
Премногу сум комплицирана за повеќето луѓе па гледам зошто брзо би се откажале од мене. I'm not surprised anymore.
Многу испревртени вредности. Читајќи ја темата секс се згрозив. Не можам да се замислам да го делам партерот или тој мене. Никаква љубов, никаква почит. Не знам дали јас сум заостаната или навистина се губат некои вредности? Не постои жив човек кој може да ме убеди дека во врска/брак е нормално да сакаш и посакуваш друг, да имаш сексуални односи со друг, тројки, четворки и коколдови или како и да е. Се згрозив, лошо ми е. Светот отиде во курац. Форсираат и напнуваат да нормализираат работи кои се ненормални. Од вакви ненормални работи многу млади се истрауматизирани да започнат нешто со некого. Недоверба, страв, прељуба. Кој нормален побога би бил во ред партнерот во кревет да донесе трета и четврта личност? Да ве гледа како се онадувате со други? Значи како некоја секта овде на форумот. Како оние Јеховини сведоци кои не можеш да го откачиш, е така во секоја можна тема се е тоа секс, секс, секс, тројки, петки, десетки, куреви, кололдови МММ ФФФ МФМ аман више. Сфатите дека не е тоа нормално.
Никој никогаш не е премногу зафатен. Сите имаат време за се, само одлучуваат да го посветат и потрошат на нешто друго.
На фб ми излезе некоја статија за сведителства прееска. Се потсетив и навратив во детство колку беше pure кога бевме во основно, период на трето, четврто одделение, сите внуци со сведителства во раце, на гости кај баби и дедовци. Си добиваш некоја симболична сума пари, сите ти честитаат, а субјективно чувство - како диплома од Харвард да си земал. Па со тие пари ќе одевме низ маало да се почастиме сокче, смоки и сите безгрижни и среќни, уживавме во летниот распуст. Колку беше убаво тоа време.
Ја направив и најголемата глупост и покрај тоа што сите ми кажаа да не го правам тоа.. Во разочарување никогаш не размислуваш за својот живот... Не бидете како мене
Зошто животот мора да е пролазен ,а судбината да ни налага што ќе правиме да немаме избор ехх маки големи
Мора да си разрешиме нашата траума, ако во иднина сакаме да градиме нешто здраво за нас и за тие околу нас. Пошто ако не разрешиме нашата траума, само ќе тлеј, расти и ќе не трга надолу секој пат.
Некој некогаш рекол: "Научете ги децата на две големи лекции: - да играат; - да бидат задоволни со малите нешта";