Каква иронија, се утепаа од изневерување и скар - смир, а на социјални мрежи глумат најсреќен и најзаљубен пар . Какво лажно време дојде, се што е сервирано наоколу, 70% е лага и глума.
Како беше, кога на порака од некого имаш насмевка од осмица до осмица, си затрескан многу? Само да не бидам пак повредена боже..
Какво темпо фативме... ама животот (или ковидот поточно) сам рече стоп. Италија беше на репертоар за септември, ама мама нема енергија ни за до лекар. НО! Кога животот ти дава лимони.... прајш лимонада. Овие две недели ( од кои првава се молев да преживеам), решија да ме научат да успорам со се. И иако знаев, сепак убрзаа еден процес. Не сакам да сум роб! Ме сакам да работам кога ќе ми речат, туку кога јас сакам. Не сакам да живеам по шаблон. Не сакам да перам во недела туку да шетам. Не сакам само да чекам да пројде. Не! Мора се од корен да се промени.Јас барем не сметам дека се родив за да правам што ќе ми се каже и да умрам. Се мора да се смени. Се! Неделава пред мене ќе е лично само за мене а потоа ќе барам чаре ...
Во последно време претерав со седење на интернет. Стани сабајле, отвори форум, отвори инстаграм, цело време нешто скролам. Порано 20 минути во денот ако отворев нешто на интернет, немав време за ништо, капната бев работа-дома, слободно време шетање. Слободен да бил човек многу па и не чинело. Си давам предизвик неколку дена без социјални мрежи. Да се посветам повеќе на животот и работата, да се вратам на старо, не си се допаѓам вака, како Добив неколку големи проекти за работа, се надевам ќе ги сработам квалитетно и дека ќе бидат задоволни од мене. Тече времето и рокот да ги сработам, да седнам што порано да работам.
Огреа сонце и веднаш е се поинакво, светлина, топлина и тргам во природа на прошетка. Природата ја радува, природата ја негува, природата ја лекува секоја душа која знае да ја цени нејзината вредност и постоење и како таа што се однесува кон неа на ист начин да и возвраќа со нега, одржување на чистота, посветување на внимание и споделување многу радости во неа.
Мразам да се распавам со егоисти на кои не можеш да им објасниш дека не се во право пошто мислат дека цел свет се врти околу нив
Не се другите луѓе криви што се однесуваат како што се однесуваат. Јас сум крива што очекувам чуда да се случат. Ова е реален живот, не е филм. Ќе научам ваљда.
Засекогаш најубав дејт ми е кога си правиме skin care routine заедно, си оговараме малку и правиме планови за иднина.
Сакам да кажам дека смешно е колку се вознемируваат луѓе ако некој не прај ко нив или се огради од однесување како нивното. Па као са сарказам пошто знајме дека сме во право, а вие другите бездушни, ненормални, емоционално незрели, шо и да рековте друго во духот на љубовта и менвањето туѓи мислења пошто ију, некој мисли поразлично.
Она „немој да се плашиш“ стопроцентно го уважував само кога доаѓаше од вујко ми оти доаѓаше од човекот кој ми беше најголема потпора и поддршка во животот.Оти тој ги штитеше сите негови блиски безусловно. Сега кога го слушам од луѓе на кои не им е гајле за други ми е смешно оти е лицемерно. Одамна ги прочитав нивните намери. Никому не се потпора и поддршка.Само ги користат другите. Само наивна будала би очекувала помош од нив. Не, фала.Можам сама.
Пробувам да сфатам ама никако не можам, зошто сте толку зависни од мажите? Ми изгледа како цела ваша иднина, судбина и живот во негови раце да ги тупнувате. Како тоа жена ќе раѓа ако мажот не чека пред болница 3 дена? Ако ја заболе глава веднаш да му ѕвони да донесе лекови. Ако е гладна да донесе храна. Се добива менструација и дечкото треба 24/7 да е овде да ја теши и да плаче со неа. Значи ако таа има болки тој треба да откаже се и да е тука од "почит" иако не може да помогне на ниту еден начин. Зошто не можете барем малку да сте самостални? Што правиме со single девојките и мајките? Тие дане не треба да добијат менструација, пошо немаат играчка 24/7 покрај нив да седе од "почит"? Замислете дека тие сами си купуваат апчиња од аптека кога имаат болки и не им паѓа круната. Ова веќе ми личи на посесивност и опседнатост, никаква приватност и слобода. Рака под рака заедно на депилација, нокти, фарбање и шатирање.
Ако на 30 години, достигнување во животот ви е " А, бе јас живеам со пејачот од бендот, одма му се јавив да ми резервира маса, овој бенд јас го следам од почетокот уште, знаеш колку живеам со него. А, тој, сестро, го заболе за тебе, да ми простиш, си, има жена, фамилија, до тебе му е дојдено, демек као почесен гостин, ли си? Ајде, 1001 фотка, уау каква забава,. Стори вриштат, од дома, па како сум облечена, па види сеа масата со пијачката, па види сеа со бендот. Стварно не можам да ги разберам луѓево........
Си размислувам колку некои нешта не ги ставам во видно поле или да ги приметам а се тешки глупости така ме засмејуваат како што порано од такт ме ваделе. Почнувам туѓата глупавост да ја доживувам како сосем нова димензија.
Окапав на работа денес, е така е поголема одговорност носи поголеми приходи ама и прекувремено останување, па нема денес ручек. Е има маж со златни раце, спремил, купил се најадов, сега нозе во вис па во поход во природа. Утре петок, што петок, моревден ми е мене.