Зборав со другарка ми ептен квалитетен 1на1 и заклучокот е I'M BROKEN AHAHAHHHAHAHAHAHHA треба некој дел да сменам.
Јас пред легнување и моево неуморно мозоче, мисли мисли и се прашува спакував се за таму, проверка ова да, тоа ставено да, другоно да, оние работи ги оставам дома да....и вака до бескрај. И на крај истоштена од проверки и мозгање заклучувам ако нешто ми фали ќе си докупам таму, е така сега може на раат да се легне. Утре да завршам со работни обрски, нешто ситно и пат под нога.
Мали ситници што одма ти го подобруваат расположението: гледање на омилената серија, пиење кафе и омиленото чоколадо.
Посебно место во пеколот за родители кои за сешто им се дерат на децата. Децата не се криви што нив не ги бива за родителство. Некои добри луѓе цел живот го молат Бога да дочекаат чедо да им дотрча во прегратки, а неспособни идиоти што го имаат се истураат врз него. Што го шириш лошото семе, бе? Едноставно е. Штом не знаеш што е правилно воспитување, не го ни прави детето.Тоа е милијарда пати подобра опција отколку да го направиш, а оно да пати поради твојата неспособност и злоба.
Кога ќе препознаеш немилосрден були од школо како денес расплетуе демагогии за емпатија... Ох, рили... Не, булинг не е детска работа , туку девијантно однесување кое си бара помош од стручњак . И сите такви од школо што ги знам, ама 100 посто, без исклучоци од мое одд , сега се бар на 2 животни полиња пропалитети. Нејсе, маската на лице, книгата, кафето... Обожавам дожд.
Ако не осеќаш мир, значи нешто не е како што треба. Значи нешто треба да промениш. Мислам... ако сакаш мир де... Биди храбар, промени го тоа. Не оди низ животот само зашто "така мора и така треба". Живеј ебаго. Не преживувај. Зошто утре кога ќе те нема, сите ќе те заборават. И веќе никому нема да му е гајле дали ти "правилно" си постапил или не. Дали си се жртвувал или не. Нема никој да рече - е што се стори. Имав еден чичко што ЦЕЛ ЖИВОТ го помина без жена му. Знаете зошто? Зошто од инат се ожени. Ја зеде за жена првата на која налета кога раскина за банална глупост со љубовта на неговиот живот. Додуше не беше баш глупост, ама реално он бил крив. Напрај деца и замина у "бел свет". Доаѓаше еднаш у деценијата во Мк. Почина пред недела дена. И? Што направи тој? Имаше живот каков што сакаше ли? ....
Секој втор во државава полицаец стана . Немаше ли критериуми за висина, способности? (само си размислувам гласно)
Само јас ли сакам да заврне? Да залади малку, да се смири времето, да си одморам дома и да ја гледам омилената серија.
Колку и да читам онлајн книги од практични причини, ништо не може да го замени чувството на читање книга што ја држам во рака . Многу е поубаво и ниеден електронски уред не може да го замени тоа.
Многу гнасно личи кога на социјални мрежи ќе те додаде некој што има жена, дете или девојка и слики со нив, а си бара нешто на страна. Зошто непознати инаку ќе те додаваат на социјални мрежи, се знае која намера е, сигурно не е за да плетете џемпери. Како не им е срам? 0 почит кон партнерката. Секогаш си помислувам греота за женава, го нашла ваков шутрак, па и деца му родила, ја срами наоколу, дали знае што и се случува? Никогаш не ги прифаќам ваквите и ми се повраќа од нив. Ми се повраќа и од колеги на работа што од култура си ги прифатил, па женети или во врска ти реагираат на слики на сториња и ти пишуваат користејќи тоа што сте колеги за друг муабет, за да ти се пуштаат. Ако сум немажена не значи дека сакам да сум дел од вашето изневерување. Отварајте очи жени, пред да сте во брак, да видите каков карактер е. Бегајте од овие што на секоја жена се пуштаат и на социјални мрежи ја додаваат која ја стигнат. Фуј. Не верувајте слепо на никого, не дозволувајте будали при здрав памет да ве прават. Се изнервирав пишувајќи.