Сакам да се надворзам на муабетот. Дечкото, сега бивш. Често си ја посетуваше таа соба, Luda soba и на секоја втора и лајкнуваше селфи. Со огромни ци*ки, со усни напрчени. Е, сега еден Господ го знаел дали не си пишувал. А мене ми сибнува ѕвезди. Хахах Можи е банално за некого, но... Зошто би одела по такви глупи ствари и би лајкувала слики? Е, во такви таму Луди Соби, по фб, има млади, стари, мажени, женети.... Па со 300 коментари и лајкови и срциња.
Обично тие кои мислат дека те познаваат и притоа си земаат за право да те корегираат и анализираат за секоја ситница, е тие најмалку те познаваат, ама и најнапорни се со нивните 'добронамерни-советодавни однесувања'
Нека ми се честито новите книги. Едвај ги чекам да стигнат. Всушност на старо ги купувам, но не ми е важно дали се искинати кориците или не. Содржината ме воодушевува и ме менува како личност.
Колку треба да си мрза, флегма,немарлива особа за да исушеното цвеќе ти седи со недели на балкон, а тебе мува не те лази да одвоиш 5 минути да го симнеш од ограда, па така да сите мораме да гледаме неубава глетка
Имам толку многу соништа и желби што сакам да ги исполнам, само не знам дали ми фали доволно храброст да променам нешто или треба да ја сменам стратегијата. Нека стои ова тука, си давам време до следното лето да видам до каде ќе сум во животот, да направам ретроспектива, да сменам нешто, да преземам иницијатива. Да видам дали сум успеала. Бидејќи и оваа година не успеав.
Дали и вие кога ќе пратете risky text веднаш исклучувате интернет, го тргате телефонот настрана и барате занимација, па чекате да помине некое време да ви стивне возбудата па да се вклучите пак?
Имам аверзија кон зборот CEO и луѓе што гo користат. Најјако ми е кога ќе видам во инста био - CEO. CEO бил тој. Кажи извршен директор де, не се препичавај нешто.
Јас - overthinker кога некој ќе ми каже -"Добро" наместо "Окееј" или "Добро". *Имаше едно "Дали ја прифаќате за жена Црноока?" "Да" *Idk man that yes didn't sound like he really wants to*
Зошто некои луѓе не ставаат тригер warning кога пишуваат на тотално осетливи теми Отворив фб да си побарам прелог некоја книга лесна романса кога ми излегува слика од девојче во холокауст, некоја решила во групата да ја сподели нејзината приказна и јас читам и се гледам во сликата како хипнотизирана и незнам кога ќе бидам океј цела ноќ пробувам да извадам од глава
Ова мислење нека биде за сите overthinkerи и анскиозни личности кои мислат дека не се доволни, во кои спаѓам и јас, да си го читаме одвреме навреме во тешки времиња. Не размислувај. За момент затвори го очите и видиш и длабоко. Околу тебе има планина, топло ветре и звуци од птиците. Зајдисонце, твоето омилени време од годината. Мир и спокој. Опушти се, број до 30 полека и повторувај си "Ова не сум јас, ова се само моите мисли, јас можам многу подобро и многу повеќе". Разговарај со некого, разговарај со мене, со тој до тебе или самата со себе. Или пишувај, пишувај во notes, пишувај во свој личен дневник или тефтер. Застани пред огледало, се гледаш себе си? Прекрасна личност! Насмевни се, ете така си многу поубава. Замисли колку радости им носиш на луѓето околу тебе кога ќе те видат среќна. Ова не е чудно, се случува на сите верувај. Сите имаме лоши денови и периоди, и сите сме на некој начин несигурни во себе. Не си сама. Доволна си. Доколку некој не го гледа тоа и не го цени, проблемот е во него, а не во тебе. Пронајди си нешто што те исполнува. Цртање, поезија, проза, шминкање, готвење, вежбање што и да е. Организиран го времето, така што ќе немаш "слободно" време за премногу размислување. Повторувај си цело време дека не се сите луѓе лоши, навистина постојат личности кои се полни со љубов, позитивност и добрина и спремни се да ти го подарат тоа. Не се затварј во 4 ѕида. Излези секој ден на прошетка или барем на балкон. Читај книги. Разговарај со својот ум. Ќе биде се добро.
Порано кога ќе ме исклучеа од нешто после еден обид се прашував што ми фали. Зошто е толкав проблем да кажам нешто и да учествувам во нешто? Зошто само моето го оценуваат како погрешно кога не се ни доволно информирани за темата? Сега само се смеам. Нека си живеат и понатаму во нивниот розев свет.Кога-тогаш ќе ги погоди реалноста.
Она кога е онлајн цело време, ти ги гледа сторињата ама нема време да ти врати, во гужва е Сестро златна, ако си во гужва офлајн ќе си, едноставно е.
Бев од три на работа. Од осум станвам. П а р а л и з а. Ај до кај 12 мрдам едвај ама ништо преголемо оти ќе ме обземи. Чука 1 и тука паника. Иди 2 не можам дома да доседам. А зошто? Зошто ако не гледам на време ќе се заборам и нема да одам. Оти ова е нешто шо се има случено и се случва и ми е толку јако врзана анксиозна реакција... Damn. И са пак прва смена и одма нов живот. Полна идеи за остатокот од денот. А оти? Оти станвам, уз трчање се спремам и бегам на работа. Е са ок, тука е станвање на секој сат да видам аларм дали имам, ама ионака станвам на секое, не е нешто ново.