Од сите постови и трагични статии кои секојдневно излагаат по социјалниве мрежи најмногу ме погодуваат кога ќе прочитам деца оставени во прегреан автомобил
Предноста на тоа да си ноќна особа и да си легнуваш во 5 сабајле - користиш максимално евтина струја навечер.
Секогаш, ама буквално секогаш, кога ќе речам да динстам месо само на еден момент кој се повторуваше ми текнува. Како времето да стои упм.
Кога прекинав цело време прва да ѕвонам за излегување почесто седам дома, но барем кога излегувам тоа е со вистински добри луѓе, а не лицемери кои чекаат само да го викне некој - било кој колку да отидат некаде.
Многу ме нервираат овие поратливе што ставаат само поединци деца кои што ќе умрат. Секој ден умира дете. Не е само оно. Секој ден згаснува нечиј живот
Поздрав начин на исхрана ми траеше од вчера вечер се до сабајле кога си купив бурек со месо зошто ми мирисаше убаво кога поминував.
Знаеш дека си пораснал кога доаѓањето на 1 септември веќе ништо не ти значи освен нов почеток на месец во каленадарот.
Среќна сум. Мирна сум во врска со сите работи што се случуваат. Верувам во големата слика. Возбудена сум. Се е добро.
А зошто вашето е правилно и добро, а моето не ?! Јас сум интроверт и седам дома, вие шетате цело време . Зошто мора на секое да ми искоментирате ?! Не е убаво, да, ама ете посилно е од мене. И јас можам да кажам за вас дека вие дома не се прибирате и не е убаво така . Ама според мене. За вас си е екстра. Се плашам од грмотевици. Моево е " де бре , аман зошто се плашиш ". Вашето е ок. Не јадам боранија. " Ау многу бе ти ..." Вашето пак ок. И ред други работи од секојдневието. Вие сакате да бидете разбрани од сите и за се. Никој да не прокоментира за вас. Се ваше , секој потег, секоја животна одлука е исправна. Моето е се погрешно. Ама според вас. Разберете дека има различни карактери. И потрудете се да ги сфатите сите . И помалку осудувајте.
Пред некој ден за првпат по долго време седнав на дрвена училишна клупа. Претходниот пат кога го искусив ова беше во средно пред две и пол години. Да можев да се телепортирам тогаш и да си го кажам тоа, ме интересира само кој ќе ми беше изразот на лицето. Ама не, ептен мајндфак ми беше, се осетив како повторно да имам 18 години. А од октомври кога ќе се вратиме со физичко присуство ваљда ќе се осеќам како прваче на прв школски ден. Ептен уникатно искуство е ова што нашите генерации го искусуваат со цела двегодишна дупка во образованието.
По кој знае кој пат истото, како да ме проколнал некој, се спремаш за убави моменти, им се радуваш, викаш ете сега ќе се опуштам,и оп нешто се дешава што ти ремети се. И нормално, ај само да го изремети ок, туку ќе те мачи, ќе се нервираш, ќе трчаш, сам ... Без никој, Ќе ти плаче душата. И ќе сфатиш, дека уствари тешкото допрва ти иде... А ти си немоќен, немоќен да смениш нешто, да помогнеш, немоќен си и за себе.... Попушташ, нервно, физички а тоа еден ден ќе се одрази на здравје сигурно и ти поминува низ глава дека тогаш, истото ова твоето дете ќе го мисли и поминува. И само се молам, Боже чувај ми го барем паметот.
Колку ми е жално кога ќе слушнам некој да каже "сега што ќе мислат другите за мене, како ли изгледа ситуацијава пред другиве"? Што е важно некои непознати и не толку блиски што ќе мислат, комшиите ли го живеат нашиот живот наместо нас, знаат ли низ што се поминуваме, зошто нешто е како што е, тие ли ни го финансираат животот, па толку сите се грижат што ќе кажат другите...?
Премногу гордеење со себе не е арно исто како што не е ни потценување. Но, падот предизвикан од првото боли повеќе.
Го чекам денот кога ќе се разбудам во свет во кој со продажба на тело нема да се заработуваат пари и слава. Кога само со мозокот ќе можеш да успееш и ќе си ценет. Доста веќе од празноглави луѓе што мислат Господ за муда го фатиле ако голи се сликаат и напалени прости мажи ги лајкнуваат и гледаат и од тоа заработуваат. Доста од продажба и експлоатација на женското тело. На кого му се потребни сите тие манекенки/манекени и порно актери, сите тие only fans и срања. Не е нешто неопходно во светот, а имаме недостаток од вистински професионален кадар за професии без кои никој не би можел да живее. Подобро место за живеење ќе беше ако сите го користевме мозокот, наместо телото за успех.
Да сакаш да идеш да си купиш нешто убаво и културно нема. Не ја сфаќам оваа нова мода на шарени партали па обавезно морало да е со гол стомак. Катастрофа.
Одгледувањето цвеќиња не ми е само хоби, туку и терапија против стресот. Колку само ме радуваат кога ќе видам дека пуштиле нови цветчиња и дека пораснале уште поубави откако сум ги купила.
Да се надоврзам со @Kimberly11 лани цело зимо не најдов еден нормален џемпер, ги носев истите од пред 2-3 години. Сите беа како crop top, џемпер со гол стомак?!?! Купувам џемпер бидејќи ми е ладно, да ми било топло ќе сум облечена crop top, не ми е јасна поентата и модата кога бубрезите на -3 степени би ми биле откриени. Се надевам ова зимо нема да е така.