Кога сме кај фризери сдк дека не може фризер со 1година искуство да бара сума како фризер со 10/20 години искуство.Праксата е најбитна.
Ови неколку денови ми се изнадепаваа такви срања шо ќе ги памтам за цел живот. Невкусно, неубо искуство ама издржав. Се снајдов. Малку среќа малку памет, се се реши. Среќна сум шо така паметно постапив, и шо имав среќа во газо народски кажано. Следуваат подобри денови. Издржи синоока, знам дека си јака. Те сакам
Се прашувам дали успеал некој да влезе во ДМ и да купи стварно само една-две работи што му требале. 1 a.m thoughts...
Добив преубава (иако очекувана ) вест и сум благодарна за овој момент во мојот живот и секој момент што ме доведе до тука. Некои (сите) работи се meant to be.
Колку е убаво, мирно и тивко се ноќе. Права релаксација. И како да го сака човек после утрото повеќе од ноќта кога тогаш се е толку гласно, сите некаде брзаат, се е раздвижено. Ноќта е посебна и незаменлива. Само интересно ми е колку денот и ноќта се различни, а сепак заедно одлично функционираат 24 часа.
Сакам да кажам дека во црква се иде со подолга сукна, а не над колена. Или важно е за сториот за на Инстаграм? Припазете барем таму правила, народе бе.
На инстаграм видов една објава "Break the cycle, break the traditional childhood trauma" и се присетив на сите "заплашувања" кои мајките им ги прават на децата. Многу е болно како гледаш некоја мајка како се заканува на дете со влечка, кожен каиш или друг предмет, со погрдни зборови, шлаканици... Кога ќе имам дете ќе го воспитам со трпение, со љубов и со разбирање. Ве молам не ми кажувајте "Ама тоа е мало пак ќе прави така додека не со наплескаш". Значи детето не разбира кога му е убаво објаснато, ама затоа кога е објснато со шлаканица, влечка, каиш или навреда го памти тоа до крајот на животот и го применува на своите деца понатаму?
Речиси сите песни се убави на свој начин, само песната што ни била некогаш ставена за аларм не е убава и не иритира кога ќе ја слушнеме.
Имав една наставничка до четврто одделение, често ја употребуваше оваа фраза " Некој луѓе се како коњи, само право гледаат и пред себе, ни лево, ни десно, ни назад". Тогаш бев мала и не сфаќав баш што сака да каже, но ми остана во меморијата. Во последно време се почесто на ум ми доаѓа оваа фраза, некој луѓе навистина се како коњи, од носот подалеку не си гледаат или не сакаат да видат само за да си го истераат нивното, они да се во право, какви егоцентрици, страшна работа е тоа. Што во живо, што на форумов и кога ќе се сретнам со вакви особи, бегам што подалеку, оти со вакви нема разбирачка. П.с Коњите се прекрасни животни, убави, јаки, грациозни.