Се надевам дека не е проблем.Сама се цитирам. Успеав да му вратам.Мал успех, ама значаен за мене. Еден стрес помалку.
Молчи за да не им ги повредиш чувствата. Sure. Но, што е со моите чувства? Зарем не се битни? И мене ми влијаат некои работи.
Уште месец си давам ветер у леџа да издржам. Во спротивно ако не се смени нешто стварно мислам дека психички ќе попуштам...
Некој да ми кажеше дека еден од најубавите моменти ќе ми биде дур го гледам бебе како се напиња и кака...ќе се упукав у чело
Какви будали постоеле не знаев до денес, баш будали со тапија кои најверојатно имаат сериозна дијагноза која уште не им е откриена.
Мразам радознали луѓе, за секого се знаат нешто да кажат. Не ме интересира за други, не ме замарајте.
Не верував дека, на најблиски луѓе се му погодуваш и на крај велат преку други ' што има таа работа што не можи да помага' А мене некој да ме прашаше, како ми е?
Што е со новиве филмови и серии, толку досадни, секој филм/серија едно исто клише. Толку ли веќе немаат идеи што да снимаат, не можат новиве филмови и серии со класиците од 90ти и раните 00'.
Некогаш во животот се осеќав како светот да е мој. Имав толкава волја и животна енергија во себеси, толкав ентузијазам и желба за живот, желба да сторам нешто во животот, имав визија, се осеќав среќно и исполнето, не постоеше препрека за мене, ми се чини можев планина да поместам со мојата упорност и имав цел. Наеднаш бум, некои настани толку ти го променуваат животот, што сето она што си бил претходно, се распрснува и распаѓа. Како кога ќе фрлиш камен во огледало и целата твоја рефлексија ќе се распадне на милион несклопливи парчиња, и се' што си бил до тој момент веќе не постои, пукнало, се распрснало, damaged beyond the repair. Веќе се' е небитно, ништо не те исполнува и прави среќен, живееш на чкрги, борејќи се со секој здив. Стојам пред амбис, и се' што сакам е да рипнам, да ме проголта темнината паѓајки надолу и да се здробам на дното, само еден чекор ме дели од тоа, доволно беше, го фрлам белото знаменце и се предавам.
Дали јас не знам да ги чувам слушалките или се неквалитетни не знам ама зошто стално ми се расипува едната слушалка не ми е јасно. И тоа баш сред гледање филм ми се расипа. Тотално разочарана од слушалкиве.
Тенка е линијата помеѓу тоа да се грижиш за некој, и да ги повредиш. Некогаш и самиот не знам на која страна од линијата сум. Дали самите ја цртаме или можеби е фиксна, that is the question.
Игнорирањето на одредени членови овде е пола здравје. Едноставно немам потреба да читам нечии проповедања, мудри мисли и срања.
Зошто секогаш тоа "ќе гледам само една епизода вечерва" излегува во "упс, ја изгледав скоро цела сезона".
Штотуку налетав на едно видео каде што доктори тврдат дека кикиритките се канцерогени ; па почнав да се прашувам.... Што воопшто е здраво за јадење?
Колку треба душата да ти венее и да си осамен за да провоцираш и да се замараш за други личности и глупости во животот? Еве не знам, ама пробајте да си го сакате и живеете малку вашиот живот, сигурно ќе бидете посреќни.