Им завидувам на сите што можат да стават ранец на грб и сами да патуваат. Јас сум тотална утка во таа смисла. А нивото на снаодливост во простор ми е срам да кажам ама еднакво на нула, дали дека се слободам дека има некој со мене секогаш, т. е маж ми кој страшно добро се снага во простор ама во секој случај сум нула. На два пати се губам во голем простор и за малку ќе добиев напад на паника, наместо да се смирам, да размислам на каде и како, јас испаничив мислиш во непроодна шума сум оставена. На море сама да кренам сега имам дете, ама и како помлада во никој случај, во мојата глава секогаш ги има/имаше хорор сцените што ако ме нападне некој, а што ако ме следи, а што ако се загубам и затоа секогаш имам некој до мене, а тоа е маж ми. Некогаш си велам а што ако некогаш морам некаде сама со дете и веднаш ме фркнува пред паничен напад како јас не го можам тоа, па и замислата со дете уште толку ме испаничува и затоа си останувам во мојот затворен круг
Дали некогаш читате некои малку чудни постови на форумов и после ќе ги поврзете со нешто друго од истите членови и си викате ахаа океј сега ми е сѐ јасно?
Не ги сфатив постарите колеги на работа кои со омраза и љубомора гледаа кон ново дојдените колеги и не сакаа да им го пренесат своето знаење и искуство. Зошто да се плашиш од нови и млади колеги? Ако си толку добар во својата струка нема да се плашиш од конкуренција и ќе сакаш да го споделиш своето знаење. Општо не разбирам љубоморни луѓе и себични, колку треба да си незадоволен со себе за да не сакаш на некого да му помогнеш и да го потценуваш дека е нов, млад и ништо не знае. Додаток на се одвратната реченица "младиве што завршуваат ништо не знаат, ништо не учат, ние колку учевме". Добро Славка, смири се и ти некогаш си била нова, не си се родила со знаење. А, двојните аршини за новите млади колеги на нивните познаници и лигавење пред нив е друга приказна за некое ново мислење.
Колку брзо некако лета времево. Го гледам календарот и не ми е јасно кога веќе измина цела недела од септември.
Толку прекрасна личност и лојална другарка, ведра и интересна, секогаш подготвена да даде совет. Поминаа околу три години од нашата виртуелна дружба и дружба во живо, кој ли ќе помислеше дека на ваков начин ќе заврши. Замина во еден миг и можеби нема да се вратиш. Мила @Acronia се надевам дека конечно ќе најдеш среќа, љубов и спокој таму каде што си сега. Јас секогаш на тебе ќе се сеќавам по добро.
Постојат толку злобни луѓе, што на одмазда наводно се вадат. Не е одмазда, вашата злоба е. Расчистете во себе дека фрустрациите од блиските не треба да ги лечите на други. Ама тешко.
Можеби ќе веруваа луѓето малку повеќе во хороскоп ако не пишуваа за секој месец дека едно те исто ќе се случува кај сите хороскопски знаци. Како не им здосади истите 10 реченици да ги вртат во круг и да мислат дека којзнае каква тајна за животот ни ја откриле.
Одлучив да го напуштам форумот. Засекогаш ќе останам благодарна на неколку членови и на нивните искрени совети и поддршка. Овде прочитав и научив многу работи, убави и позитивни, а некогаш имаше и лоши, злобни мислења. Времето на форумот го поминав како занимација во слободно време, но сега ми е потребен фокус кон реалноста. Сега е време кога треба да работам на себе, да се изградам и станам способна жена, бидејќи сфатив не е решение да се бара совет и поддршка за секоја ситница овде. Дали ќе се вратам, не знам, но ќе ги проверувам пораките од моите омилени луѓенца од време на време. Исто така сигурно ќе се вратам кога ќе бидеме 1+1=3 за совети од мајките - мојата омилена и најпозитивна тема на форумот. Останете со добро здравје и расположение друштво, се читаме во други, подобри времиња.
Враќање во Македонија после одмор во друга држава ми прави желба да се преселам во странство што побрзо.
Новинариве да се засекираа за проблемите на Македонија и Македонците колку што се закирани за злобна монархиња на друга држава, и државава и народов ќе беа посилни.