Зборот кај една личност е многу битна,ако не си го одржи зборот и се прави како ништо да не кажал,таквиот не заслужува внимание.
Не знам колку треба да си при памет да ја нападнеш својата свекрва затоа што таа сакала да си ги зачува сликите од својата младост, а ти си сакала да ги скинеш и притоа да и ги скршиш прстите. И жената врискајќи во шок, да и се јави на мајка ми и татко ми да ја носат во болница. И притоа да седат на улица за да се собере женава. Јас се шлогирав, јер знам колку има приложено за нив, а син и, синот ладнокрвно си ја подржува женичката, а после кога ќе дојде ред ни двајцата не се сакаат. Знаете кој највеќе пати од целава ситуација - детето. Траума ќе му остане, мама ја тепа баба за слики. ЗА СЛИКИ! Срамно и бедно, без оглед колку не се сакате или не се поднесувате, не кревајте рака една на друга, јер не знаете на што се е спремен еден човек при неконтролирани изливи на бес. Се губи, се пригубува и несвесно прави некои постапки. Родители се едни единствени на светот, ве раѓале, се мачеле за вас и плачеле над вас, бдееле бе. Тоа што сега се делат сфаќањата си е башка. Но семејното насилство си останува во сеќавање секогаш. И тоа боли, те боли внатре. Колку ми е жал за женичкава, им даде се како да има само еден син, а таа има уште 3 сина кои живеат далеку ама ете си остана со помладиот син да си живее. Кратка животна приказна - хорор.
Some moments and things may make you feel like you're the unluckiest being or maybe even the worst person at what you do. But cherish every moment including how you feel in it because that's the very essence of life.
Убави се луѓето кога се искрени и отворени, кога на лицето можеш да им ја видиш душата. Најубави се кога од срце се смеат или кога плачат. Тогаш чувствата спонтано им избиваат. Тогаш се луѓе!
Така јеее!1!! Машот е маш, а шена сие жена!1!!! Мажот е животно и не знае како нормално човечки да се однесува, туку мора или да ја шамара жената или да ја чува. Жената е ретардирана па не може да живее без маж. Мора некој за рака ја чува, инаку не знае ни улица сама да премине. И после се чудиме зошто повеќето машки не знаат сами да пуштат машина, да измијат, да направат ручек...Па еве, тој е должен само да ја штити и чува беспомошната слугинка наречена жена, а другото таа ќе среди. Не е за џабе жената направена од реброто на мажот. Се знае кој е потчинет, кој е доминантен. Некого Бог го создал, а некого од ребро го направил Нема шала.
Мажите треба да сфатат дека како што не треба да дираат лава док спава,така не треба ни жена додека е во ПМС.
Еднаш те изгорев. Бев фина со тебе пак, те толерирав те трпев. Ти упорно си ја пееш старата песна.Ама ќе те научам јас тебе дека од ист оган два пати не треба да се изгориш оти можеш жива да се запалиш девојче. Сјаши ми се, остај ме на мира и не пипкај тоа што ми е мило и драго. Тоа е најбитното. Mine is mine, once and always.
СДК дека секој од време на време трба да си прави ментална генералка...колку да се исфрлат работи кои ти прават пречки.
Среќата е во малите работи. На пример, да станеш рано наспан без аларм, да испиеш кафе во тишина, па и како бонус да најдеш дека има останато благо. Кога ќе почнеме да ги цениме овие ситници навистина почнуваме да го цениме секој ден.
Затвореноста,некомуникативноста и превише посветување внимание на социјалните мрежи како фејсбук,инстаграм и други не направија асоцијални и помалку дружељубиви личности,кафето испиено во кафиќ со личност до тебе,и кафето дома со зверење на фб не е исто.
СДК дека сакале вие или не,политиката е секаде присутна,па и во Евровизискиот натпревар. Пред да нападнете некој кој ја коментира политиката вплеткана во натпреварот,размислете дека можеби тој или таа има истражувано на таа тема и/или има инсајдерски информации. ФМП!
Од една страна ги разбирам вработените по маркети/продавници/бутици дека им е преку глава од секакви луѓе, ги жалам дека често им се истураат, им се дерат, ги понижуваат, ама од друга страна не сфаќам со кое право се мешаат во желбите на муштеријата, превртуваат со очи на обични прашања и ти се обраќа според тоа како си облечен. Значи, ок е, ако веќе сте решиле да сте безобразни бидете со тие што заслужиле, а не со рандом невини (посебно стари) личности. Со една жалба кај директорот-леташ од работа. Само да имаше среќа мене нешто да ми рече или преврти со очи
Од психолошки лавиринти најпогубен е оној на репетитивно себеоправдување, притоа испраќајќи ги од себе сите кои веќе го пронашле излезот од истиот.
Не знаев дека било во ред жена да удира шамар на маж само затоа што е послаба физички па нема него да го боли.
Детството споро ми помина и некако едвај чекав да бидам полнолетна за да си бидам своја и да не бидам под контрола на моите родители,сега кога сум повозрасна сеуште родителите ми се мешаат во животот и ми даваат совети,но сега времето некако побрзо ми лета,стареењето сега е побрзо од кога сум била мала,времињата многу се променија.
СДК... Контрадикторноста не е лоша особина се додека не премине во континуирано негодување со необјективно расудување.