Се што сакам моментално е да сум на одмор на некое вакво место, да ги слушам брановите на морето и да го гледам зајдисонцето. Ама нема одмор, обврските чекаат, периодов баш ми е фул со обврски.
Знаеш дека животот ти е многу досаден или веќе си остарела кога во петок вечер си ја успала ќерка ти, маж ти е трета смена на работа и ти седиш во пижами, собрана коса и гледаш сама задруга на интернет и читаш фемина. Порано петок беше за журки и излегувања, убава облека и дотерување. Времиња, секое со своја убавина, предности и недостатоци.
Нема ја, старата јас, изгоре... А сега фениксов што ќе се дигне од пепелва како ќе изгледа? Останува на времето да покаже...
Газдите да си научат дека ќе им работиме прекувремено ако и тие плаќаат поголема плата. Колку пари, толку музика братче.
Колку не сакам да постоеше светот во кој луѓето се не совесни.Сакам барем на 5 минути да видам како би било....Ама,попусто очекувам...
Дали тепачката за млеко ќе ја замени тепачката за зејтин? Во маркетот во населба не успеав да најдам млеко вечерва. Веќе почнале значи залихи да прават луѓево.
Залихи на млеко и зејтин до некаде можам да сварам. Тие со залихите во карантин на тоалетна хартија уште не ги разбрав. Што направија со толку масовно купување хартија?
Прашања на кои нема одговор: зошто ставиле mail за контакт и за што им служи тој mail ако не враќаат воопшто кога ќе им пишеш да ги прашаш нешто?
Ќе фатат дечко и ќе те заборават. Со тебе бев другарке секогаш, за некој дечко од 3 месеци ме заборави, нема ни едно како си. Стана се што викаше дека никогаш нема да бидеш. Од тебе не го очекував ова, мислев дека секогаш ќе си ми вистинска пријателка после толку години пријателство.
Кога би можела да бирам би сакала дете да имам на 35години прво, мислам дека не постои поидеална возраст од таа.
Сдк Вака, за да не сум безобразна и нефер ќе пишам јавно.Ми пишавте повеќе за сметки, ама ќе ѝ ги праќам на првата членка шо ми пиша.Знае која е, веќе ти пратив една. Пошто дневно имам една до две сметки, немам како да ги делам. А у темана ако постирам за секунда ќе ги снема.Прво ќе ѝ праќам на нејзе као шо ѝ обеќав, а ако имам повеќе ке праќам и на другите две што ми пишавте. Фала.
Кога некоја станува мајка, не можам а да не помислам: Честитки, од сега па натаму има најсочно да те пцујат. Значи пцуење мајка (а и се' женско, нели) е една од најодвратните работи што излегуваат од нечија уста. Не ни мислат некои колку е гнасно и жално, узречица било само.
Знаеш дека отишол светот во неповрат кога слава и пари прават криминалци, проститутки, старлети со пластичен изглед правени како во ист калап, затвореници, неработници, џаболебари и за животен успех и место за промовирање на себе се смета учество во некое ријалити шоу. Секс пред камери, голотија, тепање и уличарски речник како предуслов за многу пари во 21 век. До каде спаднавме...
Непишано правило е дека кога ќе ја подредиш есенската облека во шкаф времето магично ќе се стопли. Само што си го средив шкафот зошто ми подзалади деновиве со летнава гардероба, гледам на прогноза најава за сончеви денови и температура над 30 степени.
Дожд ми е најдобриот изговор за да откажам планови за излегување и да си останам дома. Перфектна недела.