Не можам со луѓе кои со сила се прават интроверти, екстроверти и се она што е ин денеска. Страшно кринџ ми е.
Нека биде добро сѐ, нека ми се исплатат вложениот труд и време, нека биде сѐ како што треба на крајот, само тоа го барам.
Вришти форумот со предрасуди, осуди и оговарања. Вришти земјава со предрасуи, осуди и оговарања. ... можеби еден ден...
Пред година ипол, една маса на луѓе се свртеа против мене поради една лековерна (да не речам малоумна личност) која тврдеше "таа ова таа она направи" (да не навлагам). Кажав што имам да кажам. Продолжија со својот птичји ум. Во ред. Пред некој ден дознавам дека имам ДОКАЗ дека не било тоа така. И дека имам доказ кој што и како точно направил. Знаете што сторив? Апсолутно ништо. Зошто нејзиното извини нема ништо да ми значи. Во тој момент се осеќав ПРЕДАДЕНО од неа. Патем, фала и што ми ги тргна од пат тие што уствари едвај чекале вакво нешто. Знаете, се во животот се дознава. И кој лажел и кој точно што рекол. Прашање е ДАЛИ добро сте процениле кој ви го рекол тоа. Ако слушате психопат, ок, слушајте, глупоќата исто така мора да излезе на виделина. Ама ете, сеа толку многу излезе што нема река што може СРАМОТ нејзин да го измие и ГЛУПАВОСТА на оваа што поверувала во тоа. Поголема невистина за себе немам чуено од тоа... И колку и да не се замарав, ете, само дојде на свое место.
Од книги и филмови, такви што откако ќе ги прочиташ/изгледаш ти остануваат со денови во мисли да ги мозгаш, за крајот, па што ако биднало тоа, а не тоа, такви што ти оставаат преголем впечаток. Кога ќе размислам и луѓето што ги запознаваме во животот се како книгите и филмовите. Некои се безврска и не оставаат никаков впечаток, брзо се забораваат и не се ни паметат, а некои пак се посебни и оставаат голем впечаток во нашите мисли и живот.
Седам во тишина со чаша вино. Се е исто како некогаш, различно е само тоа што пијам сама сега, не со него. Осамена сум. Ја мразам ноќта, ме потсетува на тој факт.
Не сум видел погадна глетка од денеска. Бремена жена во веќе поодмината бременост, застанала и си пуши цигара за цигара. Борба водев со самиот себе, да не одам на улица и да се расправам колку е штетно. Си викам сам на себе заеби брат, не ја знаеш, не ти е ништо, нека прави што сака. Часови минаа и не можам глетката да ја заборавам. Нема да умрете без тие цигаришта, маме ви ебам неодговорно, друг живот во вас носите што зависи од вас и вашите (не)здрави постапки.
Еднаш реков дека секој среќен ден во календарот ќе го бележам со црвено, а секој ден кога сум тажна, повредена, не почитувана ќе го бележам со црно. И без тоа знам дека црната преовладува и ќе преовладува.. .
Која е потребата домашните миленичиња да ги третирате како дете? Мислаам ги облекувате во фустанчиња, во разни облеки, па им ставате разни детали на 'косата', ги шетате во количка, им ставате цуцла во уста, цуцла еј, им се обраќате со мама, им прославувате родендени Додуша, овој тренд го гледам на инстаграм во странство, ама ќе дојде и кај нас кај и да е Аман родете си дете, животните не постојат за да ви глумат деца. Едноставно, од мали нозе знаеме кое им е местото на домашните животни.
Кога човек ќе сфати дека не може да глуми вечна жртва на сопствениот живот, дека работите што ни се случуваат се наша одговорност и треба да си ги средиме сами, тогаш ќе има посреќен живот. Пропаднати пријателства, врски, бракови, работни места и слично не се крај на свет. Ништо поодбивно нема од кукање над сопствените проблеми.
Сакам и оваа година да сме онлајн на факултет, мразам кога ќе треба да паувам од еден до друг град на зима. Овде ми се сите а таму сум тотално сама и немам никој, ниту за најмала дружба.
Може ли некој да ме препознае!? Јас одвај. Ама пак не е лошо. Не се смеам како порано, тоа знам дека на блиските ќе им фали. Ама смеењето не го заменив со лошотилак и негатива. Туку со огромно трпение. Пак е добро. Еве ја есента на врата. Толку е чудно се.... и ново се... И ако минатата година реков- да помине март и ќе бидам добро.. сега велам- да помине септември и ќе биде добро. Зошто сево ова што се случува ми прави ужасна вртоглавица. Притисокот што го осеќам поради ситуацијава си го зема данокот ама од здравјето. Не сакам да е така.