Расположението секогаш ми е прекрасно после подолго возење до одредена дестинација и слушање музика по пат.
Секогаш кога доаѓа есен, ме фаќа длатка меланхолија. Не дека ми е лошо, и така сум меланхолик, ама не сакам доцна есен и зима. Шо стори амбивалентност...
Без потреба се бришат некои мислења. А, некои што се повторуваат и се преку таквото си стојат. Дали некој некого тука фаворизира?
Ми овенало омиленото цвеќе, цело се исуши. Не знам да чувам ни цвеќиња , кактус да ми дадеш ќе го овенам.
Избегнувам да поминам на "нашето место". Денеска бев приморана. Уште болиш, се си мислев дека од некаде ќе се појавиш и ќе ме прегрнеш како некогаш.
Не беше доволно што ми овена цвеќето, ми изгоре и ручекот, не е ни јадливо, ужасна домаќинка сум. Кога ќе ти тргне наопаку денот, наопаку тера до крај. Ај во бестрага нека оди се. Од хормоните и бременоста ќе се расплачам за еден ручек и овенато цвеќе.
Каква е оваа неорганизираност со полагање разни предмети во ист ден. Не се знае кој јаде, кој пие, кој плаќа тука. Нека си вработат некој што знае добро да организира ако се толку неспособни, да им направи распоред како што треба.
Времево е створено за уживање вака на некоја планина со топол пијалок, запален оган и прекрасен поглед. Тоа што ме чекаат книгите на биро и треба да спремам испит, па ни п од планина нема да видам е друго.
Малите деца што гледале/доживеале насилство после ја пренесуваат својата лутина и гнев кон животните. Има големи шанси со тек на годините да развијат социопатија, физички да ги напаѓаат тие окулу нив. Некој ќе ми кажува функционирал цср.. аха сигурно.