Колку само објави има секојдневно за напуштени миленичиња... Не ми е јасно зошто се нафаќаат луѓе да чуваат миленици ако после ги напуштаат и не се грижат за нив како што треба. Колку треба да си безмилосен за такво понашање. Што не шета по земјава.
Сакајте ги и чувајте ги вашите деца , расфрлани играчки и нечист под нема да памтат туку љубовта која сте им ја пружиле , бидејќи животот ќе ги казни и кога нема да се виновни
Ваква си, таква си. Косата ти е мрсна.Лицето со бубулици. Стави креми! Аман... Како да не слушнале за здравствени проблеми кои се причина за тоа. Цел ден не стана од креветот/не се мрдна од пред лаптопот/само по мачорот трчаш.Е, ради кого, де? Не сум толку дива колку што се они плитки.А, такви заслужуваат само игнор.
Треба во 7 да станам. Еве, си седам лагано на инста и си гледам reels, без да ми е гајле за фактот дека ми остануваат уште 2 часа време за спиење, а јас уште не сум ни легнала.
Утринава, утро помешано со мирис на дожд и мирис на чај од шумско овошје. Дождлив ден во кој сум слободна и можам да уживам од мојата соба во звукот на дожд и погледот низ замаглениот прозорец врз кој се ронат капки дожд. Мали ситници кои ме прават среќна. Понекогаш си размислувам во цела таа трка со обврски, заборавам да уживам во вакви ситници, па ми стана навика да си земам барем неколку минути одмор во денот и да уживам во нив.
Колку и да сум се скарала со некого на форумов, многу пати сте ми се нашле за совети и предлози. Мило ми е што го пронајдов форумов, како една голема фамилија сте.
Да ти врне на свадба било среќа. Многу се среќни сигурно тие на кои им врне на свадба, невестата по пат лом си го прави фустанот, гостите нервозни дека на такво време доаѓаат.
Изедов цело чоколадо. Огромен зависник сум од благо. Неколку дена решив да не јадам и оддеднаш ми пукна филмот и на дождот искачав за да си купам.
Колку само може човек да ти влијае негативно со муабет и тоа во времетраење од само три минути, секоја чест за таквите, не го може тоа секој
И 2022 година ќе помине и уште постојат луѓе што фрлаат ѓубре на сред улица, а на неколку метри од нив има корпа.
Бев излезена и преубаво си поминав вечерва, имаше одлична причина за славење, сите бевме расположени и атмосферата беше прекрасна. Сакам да има повеќе вака убави и среќни вечери, излегувања што вечно ќе се паметат.