Една од најдобрите страни на постоење на интернетов и социјалните мрежи се мемињата. Деновиве какви врвни мемиња за британското кралско семејство имаше, се изнасмеав, свака им част на тие на кои им текнало.
Не знам дали е до мене, ама нон стоп викам како треба да одам да си купам нешто ново од облека, да се подновам ама кога и да отидам ништо не ми се допаѓа
После поминат напорен ден со обврски се што ми треба кога ќе си дојдам дома е туш, комотни пижамчиња и добро филмче за релаксација. Совршено помината вечер . Одамна не сум имала ваков понеделник што толку ќе ме премори.
Најмногу ќе те повредат и ќе ја искористат твојата ранлива страна тие пред кои некогаш си ја отворил искрено душата.
Господе, универзуму, играчу на Симс, кој и да си ти, којшто го држиш конците, ако постоиш, ти благодарам што испадна се како што треба, што не се случи тоа од кое најмногу се плашев, туку напротив - ми се исполни тоа што најмногу го посакував, и целиот труд вложен во истото ми се исплати на крајот.
Црвен кармин е класика и ниедна друга нијанса не може да го замени и да изгледа толку добро. There, I said it.
Баш ме интересира што прават луѓето што се буткаат преку ред во банка, шалтер, маркет со тие плус 5 минути во живот што ги скратиле на чекање?
Шо љубов ќе беше оваа на Америка спрема Косово брејј Ромео и Јулија на апарати… https://sitel.com.mk/amerikanska-ko...Vq8E2vYPz8MlmK-1PmaCtoEQMJAEeWZLNimBoqsgIY_Xk па овие пред нас ќе станат државиште ко шо тргнале Убаво реков..Косово од бело се прави Кој се снајде се снајде. Ние потпишувај договори, продавај се ко курва позади МТВ и џабе.
Цел ден шетав во сити мол, и буквално не најдов ни една облека. Се само партал врз партал, а цените прескапи.
Дојдено е такво време да успеваат само дудлачи во партија, тие што ќе се закачат на богат маж и таквите со богата фамилија зад нив. Другите да сме живи и здрави.
Некој комшија прави журка, ечи музика. Толку ми се оди на забава, што да знаев кој е, ќе му тропнев на врата и јас да се позабавувам.