На светов ништо не фали толку колку емпатија. Божем е тешко да се помисли на чувствата и потребите на другите и да им се даде прилика.
Поголемо богатство од тоа што ги гледам до мене сега заспани љубовта на мојот живот и нашата ќерка нема . Дај боже сите да ја осетат убавината на вистинската љубов и тие што сакаат дечиња да си ги имаат. Најубавото нешто на свет, ништо друго не ми треба, само нивната љубов и присуство.
На 100 места пратив cv и аплицирав, уште ништо, никој не се јавил. Дипломава ќе ми послужи како тоалетна хартија изгледа.
Мразам лица кои незнаат да се израдуваат на туѓа среќа . Што се споредуваат каде работеле тие а каде јас , што завидуваат, љубоморат дека на некој му дојдоа тие 5 мин во животот, што те спречуваат да се радуваш и те ограничуваат на кого да кажуваш а на кого не . Што испаруваат без збор затоа што ги боли дека си успешен барем одреден период. Мразам такви карактери а како магнет ми се закачуваат .
Ме мрзи да готвам денес ручек, ќе си порачаме пица. Така само Сноу, жали се после дека си се здебелила.
Пред да отидам во теретана имам 101 проблем, после теретана имам само 10 проблеми останати. Kids, exercise .
Никако не научив како да си го спакувам куферот само со најпотребни работи, секогаш мора да има нешто што "може ќе се најде, носи го за секој случај". И никогаш не успеав да спакувам куфер без да се измачам за да се затвори зошто е пренатрупан. Ама непланираните патувања се секогаш најубави.
Никогаш немаше да претпоставам колку ќе уживам седејќи си сама в стан после втора смена на работа, јадејќи лубеница во 00:30 додека гледам тик ток видеа.
За сите врски и контакти во животот треба да има труд и желба и од двете страни безразлика дали е љубовна врска, пријателство и слично. Не можам и се изморив веќе јас да бидам таа која прва иницира нешто, понекогаш се чувствувам и дека досадувам.