Фала му на Господ што моите родители биле доволно паметни да не ме изложуваат на српски естрадни содржини, и јас што не сум пројавила желба. Инаку ќе бев ко баграва што не си го контролира однесувањето, самоуверено се сељачи и уште мисли така треба, се занесува јака мафија, хаххха за грев. Гревови гревни гревосани. Талог на општеството. Не дека нешто лично ми направивте, ама од такви како вас не ја бидува.
Среќата е во малите нешта направени според сопствените желби, не е во масовниот хаос создаден од туѓите. Нема среќа каде што има мешање.Таму само страдањето царува.
Следете ја интуицијата и соништата, бидејќи се остварува.Како може шанса да пропуштам ,а сонував дека играм лото.И ќе фатев 4ка ,не е којзнае што можеби но ете ќе ми беше некоја радост во животот
Морам да научам да не станувам блиска со луѓево. Нивното понашање спрема мене ми смета , ми се извинуваат па се во круг. Во последниве години ,две пријателства завршија на начин да не сакам очи да им видам. И после година дена одбивни во душа ми се. Дали се презаситив ... дали е до мене незнам . Но на праг е уште едно такво пријателство да заврши.
Ретко се случува ама некогаш сум многу позитивно изненадена од некои луѓе и нивни постапки. Уште постојат толку прекрасни луѓе наоколу, а тоа ми дава надеж за човештвото.
Страшно колку е мал бројот на искрени луѓе, барем во моето поблиско опкружување. Се некое фејкање, глумење, лижење и вештачко однесување. Проклет да е денот кога ги запознав.
Песните со кои пораснав сеуште ми се хит, се потсетив на неколку а највеќе се сеќавам на Nelly- Dilemma. Порано ќе соберев 100,150 денари за ЦД од Бритни,Агилера, Бекстрит бојс, Тимберлејк, Еминем. Се слушаше нешто квалитетно, тоа беа имиња со голема историја на продадени албуми. Денес,ретко да ми се допадне нешто. Од добри пеачи го признавам само Ed Sheeran. Уживам да си ставам сок и да си пуштам некоја негова песна,да замижам и да тонам во некоја фантазија замислена...
На толку читање книги, мантрање со универзуми, позитивни енергии и врагови, се поисфрустрирани сте и пукате од негативност која мислите дека уствари ја прикривате со 'позитивност'
Многу сакам љубезни и насмеани вработени некаде, што шират позитивна енергија наоколу. Мерак да ти е да купуваш кај нив, понеделнички насмеани и фини.
Кога уморот е на најјако ама убавзта атмосфера не дозволува лошо расположение... е, тоа. Се друго во неповрат да оди.