Од една блиска личност слушнав нешто одвратно за друга личност и ми се згади. Се испокварила поради пари и имот. Станала иста како нејзиниот алчен и одвратен маж.Поради нив други патат. И пак ми се потврди следново што ќе го пишам. Не е секој непријател туѓинец. Често најголеми непријатели се оние со кои имаш иста крв.Од нив човек треба повеќе да се чува.
Најдов работа како помошник келнер кога ќе сум слободен, не сум обврзан да доаѓам често, платата е дневница од сработени часови. Прв ден ми е денеска и дојдов до заклучок дека нема подобра работа од трошење на свои лично заработени пари.
Читам психолошки трилер книга која толку е добра што не сакам да си легнам вечерва пред да го дознаам крајот.
Се возам во бус пред мене странци и едно дете. Детево нешто си гледаше цртани на телефонот, по разговорот меѓу мајките сфатив дека не се познаваат меѓу себе дека сега се зазбореле во бус и дека едната мајка го дала телефонот на детето да гледа цртани. Се беше ок се додека требаше да се симнат можеби две три станици и мајкава не решава да и го земе тел од рака на детево и детево да почне да вршти,да лупа, да урла и да и каже “ти си лоша мајка”. Распрденост до немај каде. Многу,многу ги размазуваат. Лошотилок. А кога сме кај распрденоста кај децата во фб група под анонимни постови почнаа да бараат пари за детето да оди на екскурзија оти ако не отишло одделено било. Во наше време не значеше не, нема значеше нема. Денес до кое дереџе се доведуваат децава бе, до размезеност и распрденост до степен да ве контролираат. Ако не дадеш си лош родител. Што правите дали сте свесни? Како овие деца во иднина ќе се справат со предизвиците? Страшно.
Вчера си пуштив да гледам некои од старите Македонски народни приказни, разбудија во мене носталгија по детството....ограничени бевме во изборот што да гледаме, ама се беше со поквалитетна содржина, иако со лоша резолуција... Денес достапно ни е се и сешто во убава резолуција, ама сведоци сме на разни типови насилства кои се провлекуваат низ каналите, како да е тоа многу нормално...
Станав доста рано, пешачев, завршив обврските што ги имав, испив кафе со другарка и убаво си поминав. Дојдов да одморам саат време дома и пак ќе излезам. Многу ми се убави вакви зафатени и исполнети денови.
Сакам да се вратам на вежбање, немам конзистентно вежбано јули, август и еве септември. Баш ми фали еуфоријата после добар тренинг и болката во мускулите. А, што е најтрагично, сега имам бесплатен пристап до теретана, а срам ми е да прашам каде се наоѓа и како да средам за да почнам да идам. Тоа ми е како една цел. Повеќе ми е цел да се пресрамам да прашам и да се пријавам, идењето после е полесно. Вечерни мисли.
Тие 10-15 минути додека го пополнувам планерот наутро и пред спиење гледам како ми поминал денот и што сум реализирала од планираното ми се најрелаксирачките минути во денот.
На форумов секој со секого се кара. Секогаш кога се уклучувам на форумов има барем 5 актуелни караници. И на крај не знаеш кој со кого и за што се расправа.
Обожавам сончеви денови во есен, а уште повеќе ги сакам кога ќе се погодат во слободен ден и можам да ги искористам за шетање и пиење кафе во парк.
Проаѓаат две девојки покрај мене, јас со грб свртена, и едната хахахах ѝ вика на другата ,,леле колку е слабо девојчево”. Изгледа мисли дека не чув Јебига сестро, јебига А здебелена сум* Мислам си ја вратив килажата од пред летово
Само во есен и пролет може да видиш луѓе на едно место сосема различно облечени. Едни облечени во кратки ракави, кратки фустанчиња, сандали, други наоблечени со јакни, долги ракави, чизми. Интересно е колку има секој различен праг за толеранција на ладно/топло.
Она кога после ден полн со обврски ќе си дојдеш дома и ќе те пречека мирис на испечен куглоф и мирис на чај од шумско овошје.