Веќе 14 дена преуморна сум ... Вечерва долга прошетка покрај кеј слушајќи ги брановите премногу ме изрелаксира ... се вратив старата јас . Излегов од тој притисок денес и баш убаво ми дојде.
Колку ги сакам овие есенски вечери кога си седам дома во пижами на топло и си ја гледам омилената серија. Премногу релаксирачки ми е и вака си ги полнам батериите.
Кога цел ден ќе го поминам во пижами и нема да излезам никаде, се осеќам ко да правам нешто погрешно и го сметам тоа за пропаднат ден. Зошто сум ваква
СДК 1 Кој не го цени своето нема да види аир ни од туѓото.Грабањето на нешто без никакво право не носи среќа. СДК 2 Дете не се прави за да има кој да те чува на старост.За тоа постојат институции.
Ми беа чудни мајките што порано се радуваат за секоја глупост за бебињата, а сега се радувам и топам бебка кога ќе ждригне после јадење. Си го повлекувам секој хејт кон мајките порано, кога ќе родиш дете иста се станувало.
Дојде време за дополнување на игнор листата со нова тура копита партиски. Не можам да ги читам, не ми се требни, немам запек.
Те видов после 15 години.. Кармата си ја завршила својата работа. Алал да и е. Секој збор кон мене ти се врати, сега си она за што ми даваше епитети. Карма си е карма.
Како што ни е потребен воздухот за да дишеме и живееме, како што ни се потребни материјални добра за да опстојуваме низ животот, исто така потребни ни се Верата, Љубовта, и Надежта, да ни бидат водилки на сите нас, да сакаме, да веруваме и да љубиме, никогаш да не се откажуваме и секогаш да се надеваме дека се ќе биде многу подобро... Честит именден на сите денешни славеници
Aјде што тие секој 1ви во месецот истото го пишуваат за месечниот хороскоп, туку ја што ги читам постојано иако знам дека истото ќе биде напишано.
Нешто што го прочитав низ темиве а многу ни фали од порано. Комшиското кафе низ ходници,муабет и по некое благце. Звонењето на врата изненадно со “ Еј правев нешто ти донесов да пробаш”, па знаеш дека празен тањир не се враќа па правиш ти нешто. Преубави времиња. Полека изумреа.
Она кога некој ќе почне на долго и широко да објаснува очигледни работи убеден дека другите прв пат слушаат и не знаат