Милијарда пати гледање во огледалото после зафати не ја поправа душата. На душата ѝ треба операција, не на надворешноста.
Гледам на страната на ZARA, лак за нокти 400 денари. Молам? Сам да не ги лакира ноктите . Нека фала и лак од Голден Роуз за 50-60 денари ја врши истата функција.
Кај мене времето е лудница, има сонце, ветер и врне по некоја капка дожд, ама не се жалам, сепак повеќе доминира сонцето, а и мачорко надвор ми прави друштво, плус го гмечев и си добив нови гребнатинки на раце, ама што да прави и тој, никој не сака гнавење, а и ме предупреди пред тоа, не дека не
Кога веќе сум инспирирана за споредбиве. Мразам препичавање на луѓе од тип, колку пари толку музика душо, се знае евтини парфеми не мирисаат долго, парфем под 2-3000 денари се знае дека нема трајно да мириса. Доволно е да мирисаш на чисто и да одржуваш хигиена, се друго е препичавање. Живее од минималец ама ќе се фали дека користела скапи парфеми или ќе го смета тоа за животно достигнување. Може имам да дадам за скап парфем ама сакам тие пари да ги потрошам покорисно. Зошто да фрлам 50/100 евра за парфем, кога можам да купам парфем од 500 денари, а со останатите пари викенд да си уплатам некаде. Тоа се вика корисно трошење пари и рационална економија. Патувањето ќе ти остане како спомен, мирисот која цена и да да е некогаш ќе се изветрее. Фрлени пари во воздух. Здосадија веќе со замарање за користење милион скапи продукти за кожа, шминки скапи, парфемите да биле само познати марки и се ова да се наметнува како некоја норма што секој треба да ја исполни. Има и поевтини варијанти кои ја вршат истата функција. Плаќате марки за да се курчите, не дека толку има некоја разлика. Испран ви е мозокот да мислите дека скапото е поквалитетно. И тоа фамозното колку пари толку музика срц од кое ми се повраќа.
Сменив 4 автобуси денеска и се осеќам ко пензионер со многу слободно време што си прави екскурзија низ Скопје за да му пројде денот.
Сакам да кажам дека срам ме фаќа со какви луѓе работам. Се пожалиле кај менаџерот дека му било испод ниво чистачката да им се обраќа и да им прави муабет. Ах туго моја.....
Колку е грдо чувството кога погрешно ќе те сфати соговорникот, уствари и ти не знаеш како да се објасниш добро, и само повеќе се задлабочуваш во темата, и се вртите во круг
Секое одење во мол се нервирам кога гледам како во продавници луѓе расфрлаат облека и после не ја враќаат на место.
Знаеш дека е недела кога од сабајле до вечер слушаш звуци на правосмукалка од кај скоро сите комшии и плус од дома. Генералка day.
Продолжуваме со рубриката ,,дневна доза неписменост на Фб” Може и да отворам тема у Насмевка со неписмени коментари, постови, да се посмееме малце.