Ова на ФБ ми излезе. Го имаше пишано јавно Jasmina Tasevska. Не знам која е, ама од мене има поклон до земја Не знам дали забележавте, ама името на оваа земја е Република Северна Македонија. Тоа е факт, без разлика дали ни се допаѓа или не. Така требаше да биде, така и бидна. Македонското во нас никој не може да ни го одземе. Но, синоќа покажавте дека сепак можело. ВИЕ што хејтате, голем дел од дијаспората (секоја чест на исклучоците) и слични малоумни коментари, покажаа дека сами си го одземате она што е македонско во вас. Синоќа само еден народ беше против Македонија (северна, источна, каква сакате). македончето. Со мала буква е македончето, ситно, зајадливо, љубоморно, злобно. Затоа што Македонците гласаа и се радуваа. македончето од својата глувчешка дупка хејташе. АЛО БРЕ ! Стручно жири на Велика Британија ни даде 12 поени. Знаете ли која е Велика Британија ? Не е Тереза Меј, не е Брегзит, не е Меган Маркл... Британија е земја на Depeche Mode, Joy Division, Queen, Stone Roses, The Beatles, Cure, Oasis, Smiths, Rolling Stones, Pink Floyd, Radiohead, Led Zeppelin… А вие кои сте за да не гласате за одлична песна и уште подобра пејачка ? Не ви се допаѓа Северна ? Обвинете ги политичарите. Демек ја казнивте Тамара (голем уметник и квалитет) затоа што настапила за Северна Македонија ? Нормални ли сте ? Од утре казнете ги и банките што се во Северна па не ја подигнувајте платата, казнете ги училиштата и не ги праќајте децата во школо, казнете си ги фирмите кај што работите и не одете веќе на работа... „Казнувате“ уметност поради политика. Невидено ! Социјалните мрежи ви дадоа глас, па сега лупате глупости триста на саат. Ништо вие не казнивте. Не можете да ни ја одземете радоста за успехот на Тамара ! Не можете да ми ја одземете синоќешната вечер со пријателите во која викавме и урлавме на секој добиен поен, да не зборувам за 12-ките и десетките. Таа радост, таа позитивна енергија, таа среќа што ретко ја доживуваме во толкав интензитет сите одеднаш. Tamara Brana Velkova те сакаме сите, да знаеш ! THIS IS ME AND THANKS TO YOU I’M #PROUD ! Има над 5 илјади лајкови и над илјада споделувања. Секоја чест за напишаново. Нека трепка
Луѓево се денес многу чудни,ако направиш нешто одма зашто тоа го правиш,што ти требаше тоа?Ако не направиш ништо,одма дај нешто направи со себе немој така да ти поминува животот,наровоучение што и да правиш или неправиш луѓето секогаш ке ти попуваат што е најдобро за тебе,затоа живеам како сакам а другите нека лајат до утре.
Сосема ги разбирам луѓево што имаат страв од кучиња/мачки. Дали од минати искуства, трауми, што и да е, океј е. Страв е, не можат да го надминат лесно. Само никако да разберам зошто кога поминува некој по пат, урла и мавта со раце и нозе колку што може повеќе да го избрка кучето што само лежи и око не му трепнува за ништо. Воопшто не напаѓа, не лае и не гледа кој каде поминува. Зошто да провоцираш и после кучето да е виновно оти нападнало? Не гледам зошто ова смета на било кој кога едноставно животното е скитник, нема каде да оди и не прави апсолутно ништо.
Живеам во држава на испревртени вредности,неморал,лаги,корупција,геј паради,се прашувам ке се опраиме ли некогаш?
Некои луѓе ќе можам да ги видам само ако ми дојдат на сон.. Како денес. Ама барем ги гледам, нели. Па како и да било..
Ќе си ја скратиш косата и ќе си 3 дена радосна како ти стои и после ќе земеш да гледаш стари слики и ќе почнеш да плачеш дека ти фали. ПМС ќе да е.
На форумот не смеете да кажете што ви смета, никако, ни под разно. Сите даваме совети, сме се претвориле во филозофи, укажувајќи им на другите што да прават, а што не.
Preku glava mi e od nekoi majki sto ne mislat so toa tikvite, i deka koga e nivnoto dete e bolno, ne sakam da se priblizuva do moeto i da mu duva vo faca. Znaci treba da im se kaze direktno deka se nesovesni, pa neka se lutat ako sakaat i do koga sakaat. Idiotki. U pm vekje
Колку убава вест слушнав, денов подобар не може да биде. Ајде само за убаво да е, нека бидне и официјално, да ми потврдат у понеделник и на раат да се испорадувам.
Моментот кога се запознаваш со човек од друга држава, си зборувате, малку се запознавате и одеднаш почнува да му ѕвони телефонот со мелодија од Proud од Тамара Она кога ќе се појави песна што е светски сакана и позната, а сепак е наша Заради Тамара имавме уште една заедничка тема на разговор и разменивме контакт со битна личност
Преку глава ми е од се,од тоа што ми се однесува топло ладно,од тоа што сум добра кон сите и можат да прават се што сакаат и пак да ги сакам и ценам
Ми се погоди една феминка да ми помогне да средам денеска работите низ банка иако 100 банки ми праеја проблеми цело сабајле, па вака јавно да и се заблагодарам, што ептен беше фина и услужлива и конечно ми помогна и објасни како да средам се што треба.
Не мора ни совет, ни утеха, ни мислење понекогаш. Доволно би ми било едно: "Што и да е, ме имаш мене тука сум." од некого.
Мислите дека многу сте јаки ако му речете на некој "Дома во 4 ѕида биди кој сакаш, надвор немој". Ама само си мислите.
Што да очекуваш повеќе од држава во која јавно се вратат анкети: -Дали сте за во училиштата да се воведат арапски броеви?...А одговорите се: -Не, кој сака нека учи, ама со сила не смеат да воведат. Или на прашање: Што би направиле ако вашиот комшија е Хомо сапиенс? Одговараат со: Ќе го одбегнувам...ќе го убијам...не сакам да го видам...бегам од такви. Или јавно им пуштаат разговори со докази дека се прават криминали на големо од сите партии, а таман доаѓаат избори пак илјадници лица излегуваат по митинзи и на гласање. Хомофоби, националисти, расисти, дискриминатори по полова и верска основа имаш на секој чекор. Буквално. Памет очекуваш? Напредок? Не. Тури и пепел на таква држава...И тие паметните ќе полудат во близина на толку гневни и необразовани луѓе.