Сакам да си поспијам повеќе, а сакам и да го фатам денот повеќе особено сега кога се стемнува рано... Вечно измеѓу
Секогаш е подобро да имаш гласно „свое јас“. Не егоистично до плафон, ама доволно силно за никој да не може да те заебава.
Имам милион обврски што ме чекаат да ги завршам, а јас си направив чај, си седнав пред лаптопот и одлучив да си пуштам епизода од омилената серија.
Во животот најбитно е да се сакаме и почитуваме сами себе, зашто на крајот на денот се почнува и завршува со нас. Грижете се за сами себе, сакајте се и почитувајте се.
Подобро не ставам благо во уста, него да се залажувам со оние вегански рецепти, демек вкусни биле. Од што се вкусни уште не можам да спијам од мачина во желудник. Не сакам да видам банана ,кокос, овес во наредни 5 месеца
Сакам да поминат месеците и да дојдат нова година и новогодишните празници. Првпат ќе славиме со бебка и со маж фамилијарно празници, а и сакам да е маж на одмор и да ни е забавно дома. Сите сакаат лето, само мене ми е омилено време зима и зимските празници. Есента е многу досадна, нека помине побрзо.
И 2022 ќе замине, ама некои мислења нема да заминат. Не можам да комуницирам со луѓе во надворешниот свет.Не можам да работам.Сакам да закажам кај психолог/психијатар. Што бараш на психолог/психијатар, ништо не ти е/тој е само за луди.Мрзлив/а и разгален/а си. Имам проблеми со меморијата/со месеци главоболките ми се интензивни.Сакам да закажам преглед. Ааа, од стрес ти е/ од екраните пред кои висиш ти е. Фали емоџи што се крсти или поп-емоџи. Е***е „паметните“... Во 21-ви век и покрај куп познати болести и нарушувања, уште се прават сезнајковци со старовремски сфаќања.
Успеав, иако уште не сум стасана до самиот крај. Успеав да започнам и сега сум до половина пат од зацртаното и знам нема откажување бидејќи колку и да бара вложување многу напори и труд сепак се исплати на крајот од денот. Се радувам кога пријатно се изненадувам себеси се повеќе и повеќе. Понекогаш слушам и пофалби ама овој пат буквално ништо не ми значат, сеедно ми е. Јас имам јасно зацртана цел и самостојно и цврсто чекорам кон неа. Уште само таа половинка и еден план да ги остварам до крајов на годинава и чао пријатно 22ра годино на премени кон подобро.
Сите обврски завршени два дена порано, 101% даден од мене ...се друго околу мене забаталено битно работата завршена сега до понеделник free time па има време за се ... иии конечно кафе на тераса без брзање се враќам на старите добри денови без стрес полека но сигурно