Времево е стварно да не знаеш како да се облечеш, ни топло, ни ладно. Сабајле е мраз, ќе се наоблечам и после 12 часот ми е прежешко. Или ќе излезеш околу 16ч кога е уште потопло, ќе се облечеш потенко и да си доаѓаш сега дома или покасно ќе премрзнеш пак.
Си правел свадба конечно после 9 години од кога ти реков крај. Не оди повеќе. Немаше ни на крај памет да ми падне дека на денот кога ќе правиш свадба јас ќе дојдам во нашиот крај. Поарно да не знаев. Но ако баш ми е мило но барем името да не и го ископираше како жената на вујко ти. Секогаш ти беше идол Вујко ти а со ова докажа дека си само една сенка задскирена во него... ... Се како него сакаш да правиш но те жалам никогаш нема да бидеш како него...
Доновите без аларм ми се најубави План за денес : спремање на омилениот оброк, спа day ,онлајн шопинг и уживање
Зошто пишува дека ќе дојде автобус ако не доаѓа во тоа време. Каква неорганизираност со автобусиве ...
Ептен почнувам да го ценам времето поминато релаксирачки дома во пижами кога после ден полн со обврски ќе си дојдам дома и конечно можам да си одморам и уживам во слободното време.
Да можев да го сопрам времето, тоа би било сега. Тишината и звукот од твојот здив додека мирно спиеш до мене. Го победува немирот во мене кој долго време го носам и само расте и расте. Сакам да бидеш среќна колку што си ми и убава малечка моја, за мене најубава. Мама за тебе живее Ние две додека мама дише
Се навратив низ времето...понекогаш ми годи, убаво ми е на душава, а некогаш ми пречи. Денес ми дојде пријатно и не ми се верува колку време оставив да помине. Често си велам не требаше, зошто заборави, потоа се потсетувам да не си спомнувам на тоа, да не се обвинувам себеси повеќе туку да преземам конкретни чекори. Така долго време сум таму каде што некогаш застанав и мислев дека нема да соберам сили да се обидам да направам да биде исто како некогаш. Знам имам уште повеќе да вложувам да стигнам до каде што бев тогаш кога вие бевте покрај мене, ама ете вас ве нема и не се истите луѓе покрај мене, ја немам истата поддршка. Само едно знам овој пат се имам самата себеси како најсилна и најмоќна поддршка и нема да дозволам да запрам и да заборавам...Ништо не заборавам, само посилна продолжувам до крајната цел.
Конечно викенд . Имав работна недела полна со обврски што многу ме изморија ама од друга страна и се осеќам продуктивно зошто доста работи завршив. Сега можам заслужено да си го поминам викендов во шетање и убави дружби и да наполнам батерии за понеделник.
Што убав сончев денов се погоди, се прошетавме со бебка во парк, дечиња после школо си играат наоколу, убавини.
Кашлањето во автобус стана спорт за постарите лица.Маски не носат, а кашлаат 100 на саат. И после некој ќе се чуди зошто децата и другите блиски му се болни.
Форумов ми е супер во слободно време. Кога сакам доаѓам, кога сакам си одам. Баш таман за поплнување слободно време. Исто ми е како секс без обврски, само што е форум без обврски.