Едвај дочекав да си облечам конечно кратки чизми и мантил. Есенските комбинации ми се омилени засекогаш.
Одлуката да го променам стилот и да носам класика стил мислам дека е најдобрата некогаш со оглед на тоа колку добро ми стојат костими.
Колку ми е чудно вака кога градов е празен зошто многу луѓе си споија викенд и отидоа некаде, па улициве се толку празни во баш фреквентни часови, сообраќајот не е густ и секаде се стига за брзо време. Чудно ми е зошто сум навикната на гужви и хаос низ улиците.
Уште има комшии оговарачи што стојат на прозор и гледаат кој кога излегува и си доаѓа дома. Ненормални, немате ли друга работа?
Кога спомнаа комшии, имаме и кај нас такви, во 4 и 40 наутро со цревото ги прскаат цвеќињата. Тешки петарди.
Првата обврска која ја имам секој ден откако ќе станам е да им дадам храна на мачињата. А, потоа следува оној тешкиот дел-да се соочам со предизвиците. Така и денес, со труд и упорност успеав да завршам сè од мојата to do листа. Се уморив малку психички и затоа сега се наградувам со судоку и чаша кафе.
Да си кажам колку се изнервирав, слушалки марка sbox купени од Анхоч, не работеа и ги однесов на сервис под гаранција беа и ми ги вратија со образложение дека работат, повторно ги пробувам и не работат и уште 10души ги пробавме и во дуќанот пробуваат нејќеа, џабе. Сељаци!
Ми здосади од се и сите ,поготово од демек наивни во душа и упорни кои знаат дека не те интересираат а упорни се .Ако сум сакала сто пати досега ќе бев со тебе ццц а не уште да се надеваш
Оној кој се прави најпаметен е најпростиот човек во просторијата.Оној кој се прави најпрост е најопасниот.
Се чудам денешниве доктори дали се толку необразовани или стварно не ги интересира медицина комшика 2 удари, цела недела од стрес и викаат луѓе без совест, господе прости им
Една личност која ми мислела добро, три дена по ред ме напнува да направам нешто што не сакам а било за мое добро де, ептен се чувствувам исфрустрирано сега, нејзиното 'молење' премина во навредување и знаење подобро од мене самата што лично мене ми одговара