Нема ништо поубаво од долги прошетки во природа и патувања во есен. Боите надвор пленат, времето убавини, баш какво што го посакувам. Ранец или куфер в рака и веднаш сум спремна за стекнување на нови искуства без многу мака.
Какво тмурно, ладно и тешко утро за станување . Среќа што постои кафе да ми даде енергија во вакви утра.
Пазете на кој му ги откривате личните инфо на овој форум, да не се најдете некаде каде што не треба Ужас, од членки кои откриваат лични податоци и злонамерно ги искористуваат, засрсмете се, ако имате срам
Како до вчера главно прашање да беше "каде за летен одмор?", а веќе дојде на ред и прашањето "почнавте ли да мислите каде би иделе за нова година?". Колку брзо лета времево.
Топло и неверојатно пријатно е како за овој период од годинава и има комплетно да го искористам ова. Ќе пишев одличен летен одмор во октомври, па ми текна летото календарски веќе е завршено. Останува само да напишам одличен одмор имам во октомври, само нека потрае оваа убавина.
Штотуку ми падна на памет дека можеби и моите родители некогаш имале депресија, а јас не сум приметила, исто како што и тие не приметија додека јас имав депресија. Малце ми се скрши срцето.
Вие немате апсолутно никаква претстава како функционираат нештата и светов, ама затоа први сте да гракате Носот морало секаде да се пика. Во мк секогаш најмногу се наметнува и најгласен е тој што нема поим.
Лежам, а до кревет иам флаша алкохол шо го купив од фри шоп од курац негде, не знам ни шо точно пијам. Вкусот ме потсеќа на лубеница, а едино шо сакам е да се напијам доволно за да можам да заспијам мирно за некој саат. Да се лажеме ќе речам дека сум добра, али пошо овде сме само јузернејм, ќе си признаам шо ми е тешко да кажам на глас - не ми е добро, не сум добра. Мутна ми е главава, се осеќам као ѓавол да ми има влезено у неа, Не сум мирна. Ми се тресат раце и срцево чука мислам ќе ми искочи, мозок ме боли од некои фикс идеи шо ми е исто страв да ги кажам на глас. При крај сум со нервиве. Имам потреба од три саатно гушкање - барем така мислам. Сигурно да го имам ова, ќе ме гуши и ќе сакам да бидам сама. Ме боли тоа шо од дново на кое шо сум некои работи уше поише ми стануваат јасни. Ми се враќа цело детство во глава и сите ми се криви за се’. Ми фалат луѓе шо не заслужуваат да ми завземаат меморија, као екстра ме растажува моментот шо сум сеуште ранлива на потези кои реално, Не ме тангираат. Чоек коа е несреќен сам со себе е најлошо. На други помагав, сега кој да ме спасува мене… кој и да ме примети мене. Лаку ноч
Денеска денот ми беше долг, спарен, тежок. Колку бавно поминуваше само. Кога си дојдов дома, се осетив како да ми паднал камен од градите.
Ароганцијата не носи ништо добро дечки, ама ако се чувствувате океј и на некое повисоко ниво, терајте тогаш
Да можев ќе се преселев тука. Кој благослов е живот покрај океан, море на прометно и урбанизирано туристичко место. Сите вработени по моловиве ги гледам насмеани си се додека работат опуштено и си дружат и помагаат меѓусебно, мерак да ти е да ги гледаш. Штета само јазик што не им знам иако професијата што ми е по диплома ми е интернационална секаде ќе има работа за мене, ама јазикот да го совладам за кратко време е тоа ќе ми биде голем предизвик.
Од каде доаѓа стереотипот дека мажи се поинтелигентни од жени затоа што најискрено немам запознаено попаметен маж од мене.
Како не им здосади на исти ликови само нови профили да прават и во истите теми, како расипана плоча, истото да го вртат. Толку ли нема што да прават луѓево во животот .
Упорно не ја сфаќам темана ,,дали сум бремена’’ и тестови со две цртки, и дали има две цртки??? дали гледате две цртки??? гледаме. да вие гледате? намерно е овде мислењево пошто не можам после со пола форум да се карам. Само не сфаќам, како не верувате на своите очи за такво нешто, а верувате на анонимуси. Шо ако некој ве излаже дека е лажно позитивен или било што? секакви луѓе има.Башка на свое око ако не верувате... идете на очно што да ви кажам секое добро. денес сум лева нешто, малце сум поискрена од што треба
Како ми се погоди денов за правење ништо и бинџање серија цел ден. На вакво ладно и облачно време само дома ми се седи.