Љубезен збор, топол поглед и широка насмевка се лек, утеха и мелем за секоја душа, да ги множиме за светот да биде поубаво место за живеење
Господ да ми прости. И извинете шо ќе изедам гомна. За кое онакво праите деца ако немате пари бе? Или очекувате до раѓањето да снемате??? Зошто? Не викам дека е срамота да се бара од луѓе после, ама не е само да го напраите детето. У ждм деновиве ТОООННН жени бараа помош, основни средства за хигиена, храна, па телефони бараат. Како си дозволувате да праите деца ако немате храна за себе? Или недоволно средства? За кој к да не речам? Ќе земам сите групи ќе ги лефтнам преку такво веќе
Веќе ќе бидам и јас лоша толеранција нула па да видиме по чие ќе биде по мое или по негово ми се смачи од безвезе работи
Јас денес и тага и среќа осеќам во фази а не сум во пмс, ама ете така ми доаѓаат. Можеби затоа што се ближи крајот, на одморов. Понекогаш ми доаѓа да си врзам шамар, ама од појакиве затоа што се растажувам за вакви ситници. Ама ете емотивка до последен атом енергија што да се прави, тоа е.
Колку нехигиенски, неприродно и гнасно делуваат огромни вештачки нокти Пинк мода кај жени. Како функционираат со толкави нокти се прашувам. И за вештачки трепки сум го помислил истото. Ги гледам вчера на излегување, секоја втора извештачена со такви додатоци, многу непривлечно за мое око. Природно си е природно, нокти, трепки, се ми изгледа подобро кога е природно и во умерена должина кај некоја жена.
Аман, значи аман од совршени ходајучи суштества кои газат на земјата без да повредат некого, без да оговараат, без да опцујат некого, без да се изнервираат и слично. Ох тие мили и кротки, стварно ретка врста на луѓе се.
За жал од помладите генерации сум и немав прилика да отидам на концерт на Тоше, гледам по YouTube, каков човек бил, ЧОВЕК па потоа пејач... Додека, после некоја минута отварам tiktok и ми се појавува видео каде некој самопрогласен пеач што беше во ријалити шоу задруга, напумпано его до плафон он и тројца обезбедувачи, мислиш дошле од војна да го бранат, а Тоше на последниот чинам беше концерт му приоѓа девојка и тој самиот ја прашува дали може да ја прегрне... Кој што сака нека каже, не се раѓа повеќе човек и пеач како Тоше, ни приближно нема да се роди таков пеач!!!
Ако не ставите стори на инста дека сте вежбале утрово и не ја сликнете овесната каша за појадок, не се важи, си знаете така?
Кој ги учи на новиве мајки членки да пишуваат бебе, наместо бебево, бебето, бебка моја итд. Како некоја пандемија се шири на која и нема крај, за жал. Па ни бебуш не ми ствара нагон за повраќање колку ова. А колку убаво звучи син ми, ќерка ми.
Би го искористила моментов да напишам едно големо фала на најдобриот асистент кој некогаш сум го имала на факултетов, фала ти што си толку ангажиран за нас студентите, и што правиш секоја вежба да ја чекаме со нетрпение, и што никогаш не се однесуваш со нас како да сме подолу од тебе. Би сакала еден ден да станам и професионалец, и човек како тебе, алал да ти е.
Денес душава ми е преполна со убавини од многу за мене познати, а и делумно непознати причини. Возбудата и восхитот ме водат да споделам со сите што ми значат, потоа ќе спласнат и настапи на сцена спокојот, па на крај ќе останат само убавите спомени. За нив и личностите со кои сме ги поминале сите нешта што останале во сеќавање само како спомени вреди да се живее животов.
Што е со трендов на коси во бои како папагал, страшна шминка, чудна облека, чуден накит и се тоа за во школо? Прошетав пред средно школо, се осетив како пред некоја секта да сум, што е со стилов и младинава. Нормални средношколци сме биле ние, децава денес целосно забегале.
имам толку негативна енергија во мене, што мислам два дена да тепам некој крвнички, дека нема да ми пројде. Господе дај ми памет, кога другиве си ги заборавил па трпам сечиви срања, оффф мајко мила ОФ.
Се плашам дека ова можеби се најдобрите денови за светот и човештвото....неизвесноста тивко не ремети и од ден на ден не вади од колосек, ама што да правиме кога сме толку многу мали и невидливи, а уствари видливи само како потрошен материјал, во цел овој систем во кој владеат болни умови...
Сите мали шнолички за коса ми ги снема полека од собава. Се прашувам што се има случено со сите тие ластичиња и шнолички што ги има магично снемано. Вечерни мисли .