Жал ми е за возачите на ЈСП што не земале плата и со право треба да протестираат. Од друга страна жал ми е и за нас од "сиромашната" класа што немаме коли или ние што немаме како децата на богаташите добиено за 18 роденден кола од родителите, па да возиме и да ни е гајле што нема автобуси, туку зависиме од ЈСП да стигнеме до школо, факултет, работа. Каков мизерен живот дојде. Како годинава што се чувствувам сиромашно, никогаш не сум се. Да пребројувам пари во новчаник пред да нарачам нешто, да излегувам со 200 денари во мене и да имам само за едно кафе, да мрзнам 1 час чекајќи автобус, да тргнувам 2 саати порано да стигнам некаде, а гледаш твој врсник на готово со џипот се симнува пред најскапата кафана во Дебар Маало и не размислува колку троши, а ти се пребројуваш за едно парче торта дали да порачаш, да не се двоиш од другите. Или најубавите години ги седиш дома и не излегуваш намерно со сто изговори пред луѓето за да не трошиш пари. Кој вика дека парите не се битни, лаже. Животе курво. Ставаат богаташки деца travells of this year по 6 земји минимум дека посетиле, а ти ни од Скопје во друг град од земјава годинава не си била. Не само ради пари, имаше и други животни ситуации што така требаше да е, но преку глава ми е веќе од интернетов и фалењето со пари, а некој едвај крај со крај врзува. И доста со тоа дека мора да патуваш со дечкото, со пријателите, со не знам кој, тоа било интересното. Може немам пари, добро, не ми се мешај? Глеј си работа. Ако вие имате, не знаете другите во која состојба се.
Си купив две чашки со мачиња, исто ги спакував и една до друга беа наместени, убаво обложени да не се скршат. И погодете што, животе трагедијо, едната не е скршена до степен на распарчена туку напукната кај рачката за држење. Како ми падна жал и заплакав малку. А можеби и не беше само за чашката туку и за сите убавини и безгрижности изминативе денови кои ги снема кога секојдневните обврски и задолженија си наметнаа свое темпо. Сакав да кажам многу е напорно од опуштена веднаш во работна и напорна атмосфера да се вклопиш.
Аман од некои луѓе... Седнати кукаат како времето тој ден ги спречило да шетаат.Па, после оти немале струја 3 саати. А, бе многу страшнооо... А, да ги молиш полицајците повеќе од пола саат да ти дојдат на помош оти не можеш да излезеш и се плашиш за својот живот? Па, откако ќе дојдат да се криеш зад нив за да останеш жив/а. Па, да го молиш Бога автобусот побрзо да дојде оти немаш друго превозно средство.Да дојде и да те оддалечи од пеколот.Па, да вртиш кај роднини да ти дадат засолниште. Или да си сам/а во болница и да го слушаш хирургот како ти вели дека нема да те даде на смртта.И да се надеваш дека ќе успее да те спаси. А, куп ножеви во грб од луѓе за кои си мислел/а дека нема да ти наштетат оти ти се крв? Ова нели е страшно? Но, тие ги уважуваат само нивните состојби и очекуваат некој да ги жали.За состојбите на другите уво не ги боли. Не, фала.Вакви на никој не му требаат.
Денес на пауза од работа запознав еден човек што ми кажа многу нешта што мислев дека веќе ги знам. Ама подруго е кога ќе ги чуеш од уста на непознат но мудар човек. Ме замисли за нешто иако брзо продолживме на други теми со муабетот, ама сега ми се навраќа се, особено за тоа едно нешто и уште повеќе анализирам и размислувам. Сакам вакви личности кои со една реченица знаат да те раздрмаат и ти го размрдаат мозокот.
Многу ми е стрес кога оди брат ми негде на пат, го мислам како што, што ќе прави таму.... Ептен се грижам кога е негде
После одмор продолжен викенд, распакувај, испери, пак пакувај, моево не знам кај терам испаѓа. Море знам на море...бројам часови за стасување до таму. Навистина блазе сите вие на кои морето ви е преку низа улици, преку една улица или буквално пред очи, се разбира доколку ги користите бенефитите од истото. Затоа што познавам луѓе, тамошни локални жители покрај море, на кои им е здосадено и се чудам како може да ти е се поврзано со активности покрај вода воопшто здосадено? Е ова е едно од прашањата што не ми дава мира од мозгање, ама ете не можам и не можам да ги сфатам, така што не вреди да му ја мислам до толку.
Пред две години кога ми се расипа телефонот, многу слики ми се изгубија што си ги имав од порано. Ми текна деновиве баш другарка да прашам да не ги чува заедничките, да ми прати бар некои, среќа ги чувала сите. Каква носталгија ме фати за тие времиња, колку брзо помина се, само сликите останаа како најголем спомен и потсетник од тие дружби и денови. Затоа во 2023 сакам повеќе фотографии да правам, зашто за неколку години кога ќе ги гледам ќе ми бидат убав спомен. И секако поучена од тоа што ги изгубив пола стари слики, се префрлам на лаптоп и за секој случај на USB. Што убаво беше порано со албуми, вака електронска форма многу полесно се губат.
Купови алишта, несредено а јас запаѓам во депресија и ништо не сработувам. Не бива со ова темпо, морам да го сменам. Едит Сум си имала лименка ладен Даб..Полесно се диши.
Многу сакам шминки, посебно нови кога ќе купувам ама имам кармини и сенки што ми се 5+ години, уште ни "дупка" во една сенка се нема направено, ќе траат уште 5 години минимум и не ми се фрлаат, ни пари имам за трошење. Сега ја сфаќам мајка ми што си ја користи "квалитетната палета од кога била 20 години, сега такви немало, затоа не и се фрлале, ни нови не и се купувале". Што си купила како девојка, тоа ќе си користиш и носиш и на 40, парите после за ќерка ти/син ти ќе ги трошиш, за себе тоа од кога си била немажена. Станувам иста како мајка ми. Пари не ми се трошат на нови работи, а и старите вршат работа. И така.
Осеќам некоја убава и пријатна топлина во душава, само нека потрае... Не кријам дека убаво се осеќам.
Личности кои се за греотка и кутрите не знаат кај тераат да ти е жал само да ги гледаш како претаат и се дават во витлите на своите внатрешни пороци во кои доминантни се завидливоста и глупавоста. Жално. Луѓе, ама тешки нелуѓе кои секојдневно самите себеси си се најголеми непријатели и уништувачи на спокојот и среќата. Ајде можеби еден ден ќе се опаметат и сфатат. Можеби ќе се спасат најмногу од завидливоста што им извира од секоја пора на затруената душа од неа.
Со закон треба да ги забранат народнине приказни.Насилство, тепање ,малтретирње е постојано промовирано во нив. Кога ќе ми текне дека сум пораснала со нив..