Денеска ми се случи нешто многу чудно и подобро да не излезев од дома, односно да не излезев во тој час. Сега долго време ќе мислам на ова.
Како што блиска пријателка ќе те заебе најбрзо и најуспешно нема никој друг. На другиве ќе им треба повеќе да се помачат за истото.
Има такви луѓе кои со нивното присуство ти ствараат нелагодност, секој збор кој ќе го кажеш, одговориш на прашање или ќе се вклучиш во разговор се осеќаш чудно и непријатно и те држи тоа чувство цел ден, можеби е до нивната надмоќ која сакаат да ја демонстрираат, преценување себеси, впечаток дека секогаш се тие во право. Може да има молк, да се зборува за глупави и секојдневни ситуации… небитно на крајот на краиштата не е се до темата на муабет или дали сакате со некој исти работи или сте тотална спротивност туку се до енергијата на луѓето, нивната појава и позитивата.
Можеби си играм руски рулет, а можеби ти давам трошка светлина во твојот уништен живот... Толку многу те сакав.... Никогаш не мислев дека еден ден ќе направиме муабети какви што направивме.... Сакам да се излечиш, да се ожениш, да имаш деца..... Ама.... Требаше порано да се покаеш за се што правеше. Ти благодарам што се ми прости. Знам дека не знаеше да сакаш ама знам дека јас и ти, бевме посебно нешто....
Како зрачиш тако и привлачиш… Влегувам во празен кафиќ по мене уште двајца-тројца, семејство, пар.. Во банка празно по мене уште 5 души. Неверојатно.
Како може да сте толку глупави одредени претставници на човечкиов род? Ау глупоќа и простоќа до левел бескрај... Арно рекол оној Ајнштајн, паметен тој.
Боже мој колку е убава оваа Шер... Па и читав интервју со една жена Дафинка, нагалено Дина менаџерката на Манастир од Берово, колку е убава и интелигентна и колку вложувала и се уште вложува во себеразвој. Просто само да им се восхитуваш и ете ако успеам да земам пример од нив, од позитивните нешта и убави промени кои ги прават. Браво, се гордеам што сум припадник на женскиот род покрај таквите во него.
Ме познаваш само онолку колку сум ти кажала за себе. Јас тебе исто, во мера, колку си ми кажала и немам потреба да додавам или одземам. Така да, сите твои претпоставки околу мене, се само твоја проекција и повеќе за тебе говорат.
Најлошиот дел од чување миленичиња е она кога ќе дојде денот да не напуштат. Пола живот ме смееше низ дома. Последната воздишка ја испушти во мои раце. Тоа беше најтажниот звук што го имам слушнато. И најтажните очи што ги имам видено. Секундата кога осетив дека те снема, умре дел од мене. Се тешам дека си живееше долг и убав живот. Ама и болна беше. Си го најде барем мирот сега.
Стари традиционални јадења, полнети црева од свиња https://moirecepti.mk/post/полнети-свински-црева, црева, уши, очи, глави, што е со исхранава уште рецепт за зготвен ректум не најдов по интернетов, страшно
Денов прекраснотии. Ми се роди кумашинче, јас од среќа ќе излетам од кожа овие два дена. Толку ги сакам луѓево и ми се драги, вистински благослов е што сме им кумови. Мекици истерани, срцево ми е преполно од љубов, радост, среќа, убавини. Нека е почесто вака.
Понекогаш е многу убаво кога имаш со кој да си направиш муабет, да те насмее ко на пример личност ко @lovemme She made my day
Некогаш ми фали да си праќаме пораки со друштвото во групен чет од типот "да те потсетам, утре сме твојот број во дневник, може да рече некој, нека повтори лекција ајде тој број што во дневник е истиот број што е датум денеска, биди спремен/спремна за утре". Брзо проаѓа времево, секој период со своја убавина.
Мислам дека најуспешна кариера би имала, доколку станам гатачка. Ме бива за гледање (читај: раскажување приказни). Топка пари ќе сум! ... прашањето е: Дали е фер да лажам луѓе за пари? Посебно луѓе, кои животот ги потиснал...
Како што растеме, учиме дека личноста која никогаш не сме очекувале да нè разочара, веројатно ќе го направи тоа. Вашето срце ќе биде скршено, вие ќе скршите туѓи. Ќе се карате со вашиот најдобар пријател или можеби дури ќе се заљубите во него и ќе плачете бидејќи времето лета за миг. Затоа, направете многу слики, смејте се често, лесно опростувајте и љубете како никогаш да не сте биле повредени. Животот не доаѓа со гаранција, со време за одмор, со втори шанси. Треба само да го живеете во потполност. Кажете му некому што тој значи за вас и смело прекорете некој што ве разочарал или навредил, зборувајте гласно, танцувајте на пороен дожд, држете нечија рака во вашата, утешете пријател, заспивајте гледајќи го заоѓањето на сонцето, станувајте доцна наутро, флертувајте и смешкајте се додека не почувствувате болка на вашето лице. Не плашете се да ризикувате и да се заљубите, и најмногу од сè, живејте во моментот, бидејќи секоја секунда што ја трошите во лутина или вознемиреност е секунда од среќата која никогаш не можете да ја вратите назад.