Ги жалам луѓето што мислат дека доколку ти кажат нешто лошо или те навредат постигнуваат некоја цел. Всушност, со тој чекор покажуваат какви се тие и колку се несреќни. На таквите, побрзо ментално закрепнување.
Наметнати дебилни празници, прослави кај нас од типот на Halloween, Black Friday... би ги забранил со закон. Преку ... веќе од вештачко американизирање.
Земјава е dream crusher.Се добиваш со врски, не се цени трудот и квалитетот.Чекам да дипломирам, па да си одам со задоволство.
Луѓево кога кукаат не знаеш дали стварно им е лошо, или те сметаат погоден за тоа и ти го тераат муабетот. Има ликови ,ќе се изнакукаат и после, насмеани, а ти ќе ги мислиш.
Колку брзо се стемни. Полека почнува да се осеќа вистинската есен. Кога ќе залади за некое време уште...
Кога си дете го читаш менито од левата страна. Кога си возрасен го читаш менито од десната страна. И тоа е се што треба да знаете за животот.
Некои луѓе во врска се однесуваат ко само тие да имаат дечко/девојка. Само за нив зборат, само со нив се цело време, тупат со слики на интернет 24/7. Не, не ни е гајле кај сте биле, не ни е гајле што сте јаделе и пиеле, не ни е гајле колку се сакате, досадни сте ко пролиФ. Како не им е досадно цело време да се само со нив, да не се дружат со никој друг, најубавите години да ги потрошат со дремење дома кај нив по цел ден. И другите сме во врска, па не ви го сервираме љубовниот живот пред нос цело време. Како 80% од луѓево да си го губат своето јас и сите интереси во животот кога се во врска. Толку ли сте биле пукнати да сте со некој?
Посебен тип на парови од кои се добива дијареа се тие што се на исто работно место, факултет и се лапаат, фаќаат пред колеги за време на работни обврски. Или во друштво на маса седнати, пред сите. Добро бе другари, некој саат ако се воздржите и не се лигавите до толку, нема да раскинете мајке ми. Да, ме инспирира ова над мене.
На 24 години многу ми е поважно да бидам во добар однос со партнерот, отколку со другарки и пријателки. Точно дека имам време и за нив, но гледам повеќе време да поминам со него и да го запознаам максимално. Сепак тој е потенцијален животен партнер, со него ќе делам се, и кревет и вц, со другарките не. Можеби годините го прават своето, приоритетите се менуваат. Ова го имам разговарано со другарки на моја возраст 24-25 и целосно се разбираме дека веќе сме ориентирани сите кон формирање фамилии, а не журки и секојдневни кафиња. И секако дека не е досадно да бидеш цело време со една личност доколку тоа е вистинската личност за тебе. Едноставно не здосадува, туку секој ден е се повеќе исполнет.
Секоја клетка во мене се ежи кога ќе видам мало бебе/дете на возачко седиште заедно со родителот што вози. Многу сакам да знам што имаат на местото одредено за мозок?
Читам дискусии за серии на некои српски и хрватски форуми и се осетив ко да ја изварав нашава фемина.
Денес гледав слики стари, најдов од вујна.....почина пред 15години а уште се сеќавам на многу убави моменти поминати заедно. Колку беше убаво и едноставно се, си седевме по цели вечери заедно и си филозофираме сакаше да пишува, а јас да раскажувам и си измислувавме состави.... Какви времиња, ах.
Крајот на тинејџерските години и неколку пар години подоцна од постариве генерации најчесто употребувана реченица им беше.. деца годините да ви ги имам и паметот мој сегашен…. што трапараа тоа време кој да ги разбере.
Колку само сум имал воља и животна енергија секој терет да го поднесам како шала ама не сум мислел дека човекот е како сунгер или каква споредба да направам како една неиспишана книга и се што ќе проживееш и доживееш еден ден може и скапо да те чини
Читав вести од цел Балкан и една ми падна тешко. Млад дечко се самоубил откако го исмевале на местото на кое дошол да бара работа и тоа го објавиле на социјалните мрежи.Дечкото не можел да го поднесе тоа. Позната болка. Големо зло завладеало во луѓето.Наместо да си ги гледаат своите животи уживаат во тоа да уништуваат туѓи. Гледаат површно, се потсмеваат и се ситат на туѓа болка неразмислувајќи дека сето тоа има последици.
Најсмешно нешто ми е кога некој ќе порача макарони или шпагети со вртоглави суми во ресторан. Толкаво мало тањирче не би платила па и богаташ да сум. Дома ќе купам 6 пакетчиња шпагети за тие пари и ќе се најадам како човек, а не во заб да ти останат 10 макарончиња во мало тањирче, битно да се глуми луксуз и препич.
My toxic trait е што упорно купувам лакови зошто имале убави нијанси, од брендови што ми се покажале дека не се воопшто трајни, со надеж дека може овој пат ќе се подобрени. И секако дека не се, за 2 дена останувам без лак. Битно нијансата е убава.